Среда, 30 март 2011 година
Седумдесет и четврта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија
Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на Седумдесет и четвртата седница, одржана на 29 март 2011 година, како матично работно тело, ги разгледа:
- Предлог-законот за изменување и дополнувања на Законот за водите - I читање;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот - I читање;
- Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина - I читање;
- Предлог-законот за прогласување на Дојранско Езеро за споменик на природата - I читање;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за домување - I читање;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај - I читање;
- Предлог-законот за дополнување на Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води - I читање;
- Предлог-законот за дополнување на Законот за жичари и ски-лифтови - I читање;
- Предлог-законот за дополнување на Законот за јавна чистота - I читање;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште - I читање;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење - I читање;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти - I читање;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта - I читање;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешна пловидба - I читање;
- Предлог-законот за дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање - I читање;
- Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за гробишта и погребални услуги - I читање;
- Предлог-законот за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај - I читање;
- Предлог-законот за прогласување на Преспанското Езеро за споменик на природата - I читање;
- Предлог-законот за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај - I читање;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем - I читање.
На седницата на Комисијата, во својство на претставници на Владата на Република Македонија присуствуваа г-ѓа Соња Лепиткова, заменик-министер за животна средина и просторно планирање и г. Горан Михајловски, заменик-министер за транспорт и врски.
Во образложението на Предлог-законите, поверениците на Владата ја нагласија потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.
Тие особено укажаа дека со Предлог-законите ќе се подобрат и допрецизираат правните основи за примена на одредени одредби од Законот од страна на субјектите кои се обврзани за примена на овој закон и се однесуваат на начелото „молчењето е одобрување".
На крајот, Комисијата едногласно без дискусија го усвои следниот Заклучок:
- Комисијата за транспорт, врски и екологија ги разгледа Предлог-законите од гледна точка на потребата за донесување на законот, начелата врз кои треба да се заснова законот, основните односи што се уредуваат со законот и согласно член 142, став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија оцени дека Предлог-законите се прифатливи и дека треба да се дадат на натамошно читање.