Четврток, 17 март 2011 година
Учество на пратеникот Андреј Жерновски на состанокот на Комисијата за миграции, население и бегалци на Парламентарното собрание на Советот на Европа
Пратеникот, г. Андреј Жерновски на 15 и 16 март 2011 година во Брисел, во функција на потпретседател, учествуваше на состанокот на Комисијата за миграции, население и бегалци на Парламентарното собрание на Советот на Европа, во чии рамки се одржаа и неколку тематски расправи.
На расправата посветена на последиците врз мигрантите и барателите на азил во земјите-членки на Советот на Европа, тој беше еден од панелистите.
На состанокот, г. Андреј Жерновски беше определен и за известител на темата: „Недозволена трговија со мигранти за присилно вработување". Станува збор за проблем со кој се соочуваат сите европски држави, имајќи предвид дека оваа форма на криминална активност е трета по обем, по недозволената трговија со наркотици и оружје.
Ова е вторпат г. Андреј Жерновски да биде избран за известител во име на Комисијата за миграции, население и бегалци на Парламентарното собрание на Советот на Европа што претставува признание за неговиот досегашен активнен ангажман.