Среда, 30 март 2011 година
Шеесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Шеесетта седница, како матично работно тело во прво читање ги разгледа:
- Предлог-законот за дополнување на Законот за безбедност на храна на животни;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија;
- Предлог-законот за дополнување на Законот за шумите;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за органско земјоделско производство;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храна;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вршење земјоделска дејност;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за воспоставување мрежа за прибирање на сметководствени податоци од земјоделски стопанства.
На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Перица Иваноски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, кој ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.
На крајот, Комисијата, без дискусија, едногласно го усвои следниот Заклучок по сите Предлог-закони:
- Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ги разгледа Предлог-законите од гледна точка на потребата за донесување на законите, начелата врз кои треба да се засноваат законите, основните односи што се уредуваат со законите и начинот на кој се предлага нивното уредување и согласно член 142, став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија оцени дека Предлог-законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.