Среда, 31 март 2010 година

Извештај за влијанието на Болоњскиот процес

Во новиот извештај на Eurydice - мрежата за образовни системи и политики во Европа, подготвен за потребите на Европската комисија, даден е преглед на постигнатиот напредок на реформите во високото образование во 46 земји кои го применуваат планот за реформи, познат како Болоњски процес



Понеделник, 29 март 2010, Брисел

Усвоени целите на стратегијата „Европа 2020“

Лидерите на ЕУ на состанокот во Брисел, одржан на 26 март 2010 година, постигнаа согласност за поголема соработка во економската политика - дел од стратегијата за поттикнување на поголем раст во текот на следната деценија. На состанокот, лидерите ги имаа првите официјални разговори за новата стратегија „Европа 2020“, која беше претставена од Европската комисија на 8 март оваа година



Понеделник, 29 март 2010 година, Валенсија

Во рамките на Шпанското претседателство со ЕУ одржана Меѓународна конференција на тема „Жените за подобар свет“

На 27 и 28 март 2010 година во Валенсија се одржа Меѓународна конференција на која учествуваа групи за дискусија за правата на жените и нивната улога во политиката, хуманитарните дејности и уметноста



Вторник, 23 март 2010 година

Европска недела на одржлива енергија

Европската унија од 22 до 26 март, по четврти пат во Брисел и други градови ширум Европа организира недела посветена на одржливата енергија. Настанот се организира од страна на Извршната агенција за конкуренција и иновации во име на Генералниот директорат на Европската комисија за енергија.



Вторник, 23 март 2010 година

Ставот на Советот на ЕУ за прехрамбените новитети

На 15 март 2010 Советот, во прво читање ја прифати нацрт регулативата за прехрамбените новитети, согласно политичкиот договор постигнат на 22 јуни 2009 година.



Среда, 17 март 2010 година

Советот за животна средина на ЕУ усвои заклучоци за биодиверзитетот по 2010 година

Биолошкиот диверзитет (разновидноста на екосистемите) насекаде низ светот се соочува со сериозна закана. Доколку се продолжи со тенденцијата на загуба на биодиверзитетот, се проценува дека на годишно ниво загубата на услугите од виталните природни екосистеми, ќе изнесуваат до 50 милиони евра,  додека до 2050 година загубите би можеле да изнесуваат и до 7% од БДП.



Понеделник, 15 март 2010 година

Советот на Европската унија усвои заклучоци за потребата од нова индустриска политика

На седницата одржана на 1 март 2010 година во Брисел, Советот за конкурентност потсети на Европскиот извештај за конкурентност за 2009, во кој е забележано дека 2008 и 2009 година се карактеризираа со појавата на сериозна рецесија и намалување на стапките на економската активност и вработеноста. 



Петок, 12 март 2010 година

Европската недела на е-вештини 2010

Почетокот на овој месец, од 1 до 5 март, беше обележан со настанот Европска недела на е-вештини 2010, кој се фокусираше на поголемата потреба од обучени корисници на информатичката и комуникациската технологија (ИКТ), како и професионалци од оваа област, со цел поконкурентна и поиновативна Европа

Click