Среда, 28 март 2012 година
Средба на претседателот Вељаноски со делегација на Хрватскиот сабор, предводена од претседателот Борис Шпрем

Помеѓу Република Македонија и Република Хрватска нема отворени прашања, а билатералните односи на сите полиња во изминативе дваесет години се во постојан подем - ова е заедничка оценка на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски и претседателот на Хрватскиот сабор, г. Борис Шпрем, по денешните разговори помеѓу двете парламентарни делегации
Прочитај повеќе
Вторник, 20 март 2012 година
Средба на претседателот Трајко Вељаноски со амбасадорот на Државата кувајт, Н.Е Абдула ал-Дувајх

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, вчера оствари протоколарна средба со нерезидентниот амбасадор од Анкара во Република Македонија на Државата Кувајт,Н.Е Абдула Ал-Дувајх
Прочитај повеќе
Петок, 16 март 2012 година
Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Црна Гора, г. Филип Вујановиќ

Претседателот на Црна Гора, г. Филип Вујановиќ уште еднаш изрази задоволство и благодарност за помошта што Македонија ја дава на Црна Гора во процесите на евроатлантските интеграции. На сите ни е јасно дека Македонија одамна ги исполни сите услови за членство во НАТО, а јас лично се надевам дека пресудата во Хаг ќе ја почитуваат сите меѓународни субјекти и организации
Прочитај повеќе
Петок, 16 март 2012 година
Средба на претседателот Вељаноски со заменик- претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Албанија, г. Едмонд Хаџинасто

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски на средбата го увери г. Едмонд Хаџинасто дека Република Македонија сака и гради пријателски однос со сите соседи и дека ѝ придава голема важност на регионалната соработка и давајќи притоа целосна поддршка на Република Албанија за афирмирање во регионалните иницијативи
Прочитај повеќе
Четврток, 8 март 2012 година
СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ГРУПАТА ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО СО МАКЕДОНИЈА ОД ПАРЛАМЕНТОТ НА ШВЕДСКА

Присутните се согласија дека Република Македонија ги има спроведено реформите и директивите на ЕУ, и покрај тоа што не е членка на Европската унија, зашто истите не се само услов за членство во Унијата, туку се придобивка и за граѓаните и за државата
Прочитај повеќе
Среда, 7 март 2012 година
Средба на претседателот Вељаноски со новиот шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, г. Аиво Орав

Посакувајќи му добредојде на новиот амбасадор на Европската унија во Република Македонија, г. Аиво Орав, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, ја потенцираше личната подготвеност и подготвеноста на пратениците на Собранието на Република Македонија да дадат поддршка на секоја иницијатива во насока на ефикасна и плодна соработка.
Прочитај повеќе
Петок, 2 март 2012 година, Рокдеил
Претседателот Вељаноски оствари средба со градоначалникот на Рокдеил, г. Бил Сарвиновски

Претседателот Вељаноски истакна дека е горд што е претставник на Република Македонија во Австралија, зашто Македонија е татковина на заедницата која е лојална на Австралија и преку своето делување значително придонела и придонесува за целокупниот развој на Австралија. Тој истакна дека Македонската заедница, која зборува со единствен глас, може да ги исполни сите зацртани цели
Прочитај повеќе
Петок, 2 март 2012 година, Нов Јужен Велс
Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Парламентот и гувернерот на Нов Јужен Велс

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски и Делегацијата од Собранието на Република Македонија, составена од пратениците: г. Илија Димовски, г-ѓа Цветанка Иванова, г. Џеват Адеми и г. Милорад Додевски, денеска остварија средба со претседателот и потпретседателите на Парламентот на Нов Јужен Велс, г. Џон Хог, г. Вард и г-ѓа Мекларен Џонс, пратеникот Моселман и гувернерот на Нов Јужен Велс, г-ѓа Мери Бешир
Прочитај повеќе
Четврток, 1 март 2012 година, Канбера, Австралија
Претседателот Вељаноски оствари средби со Комисијата за надворешни работи и трговија на Парламентот на Австралија, заменик-лидерот на опозицијата, г-ѓа Џули Бишоп, и со пратеникот и поранешен спикер на австралискиот парламент, г. Хери Џенкинс

Соговорниците ја поздравија одлуката на австралиското МНР за исфрлување на терминот Славомакедонци наметнат со Директивата од 1994 и воведување на терминот Македонци во сите официјални документи. На крајот на средбата претседателот Вељаноски ја покани г-ѓа Бишоп да ја посети Република Македонија, за да ја запознае земјата од која доаѓа Македонската заедница во нејзината изборна единица
Прочитај повеќе