Среда, 27 март 2013 година

Делегација од Државната Дума на Руската Федерација во посета на Република Македонија

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Руската Федерација оствари средба со Делегација од Државната Дума на Руската Федерација, предводена од г. Александар Балберов, координатор на Пратеничката група за односи со Собранието на Република Македонија



Вторник, 26 март 2013 година

Претседателот Вељаноски ја прими Делегацијата на Државната Дума на Руската Федерација

На почетокот на средбата, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, во однос на билатералните односи меѓу Република Македонија и Руската Федерација, го истакна нивниот континуитет и позитивниот развоен тренд. Во однос на парламентарната соработка, истакна дека во Собранието на Република Македонија постои пратеничка група за пријателство и соработка чиј претседател е пратеникот Иван Стоиљковиќ и искажа уверување дека од денешната средба ќе започне продлабочување и подинамична соработка на ова парламентарно ниво



Понеделник, 25 март 2013 година, Сараево, Босна и Херцеговина

Улогата на комисиите за европски прашања во однос на остварување на критериумите за зачленување во Европската унија

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Хајрула Мисини учествуваше на Седмата конференција на парламентарните комисии за европски прашања на земјите кои учествуваат во Процесот за стабилизација и асоцијација на Југоисточна Европа (КОСАП), што се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина



Понеделник, 11 март 2013 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент од 11 до 14 март ќе одржи пленарна седница во Стразбур, на која по повод изминатиот 8 Март – Меѓународниот ден на жената, ќе стане збор за инвестирање во обуки на работните места и женското претприемништво, за родовите стереотипи во Европската унија и заштита на женските права во Северна Африка



Среда, 6 март 2013 година, Индија

Втор ден од официјалната посета на делегацијата на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот, г. Трајко Вељаноски, на Индија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, во рамките на официјалната посета на Индија, се сретна со својот домаќин, претседателот на Долниот дом на Индискиот парламент, г-ѓа Мира Кумар. Средбата, која помина во срдечна и пријателска атмосфера, започна со заедничко потенцирање на огромното, речиси историско значење на посетата на македонската делегација на Индија



Вторник, 5 март 2013 година, Индија

Средба на претседателот Вељаноски со г. Мохамад Хамид Ансари и г-ѓа Принит Кор

На почетокот на средбата, претседателот Вељаноски искажа особено задоволство што ја предводи првата официјална делегација на највисоко државно ниво во Индија и што гостопримството на домаќинот е на особено високо ниво. Тој потенцираше дека односите меѓу Република Македонија и Индија се развиваат во нагорна линија, во дух на пријателство, разбирање и заемно почитување.



Петок, 1 март 2013 година, Маврово

Обраќање на претседателот Вељаноски на отворањето на 50. Мавровски меморијал во нордиско скијање

Ми претставува особена чест и задоволство што оваа година на патеките на преубавото Маврово ќе се одржи традиционалниот јубилеен 50 годишен Мавровски меморијал, остварувајќи ги желбите и соништата на генерациите од  далечната 1957 година, кои го организираа првиот меморијал - натпревар во нордиско скијање. Натпреварот се одржува во чест на загинатите 38 градители на електросистемот Мавровска хидроцентрала и 14 храбри граничари кои загинаа од снежната лавина во 1956 година, кои се вистинскиот стожер кој ја краси нашата денешница. Да се потсетиме на младите градители кои на акцијата "Маврово - 48"  порачале ...машини доволно немаме, но имаме нешто друго, имаме срце и силна желба да ја изградиме нашата татковина, а тоа е посилно од секоја машина...

Click