Среда, 28 март 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент, денеска и утре, во Брисел, ќе одржи пленарна седница, на која, меѓу останатото ќе стане збор за напредокот на Србија, Црна Гора и Косово на патот кон Европската унија.



Петок, 16 март 2012 година

Отворен пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и ЕУ

Вчера беше отворен пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Република Македонија и Европската унија, кој беше оценет како нова фаза во евроинтегративниот пат на нашата земја, мост кој води кон пристапни преговори со ЕУ.



Среда, 14 март 2012 година

Европратениците ја усвоија Резолуцијата за Македонија

Со мнозинство гласови, Европскиот парламент ја усвои Резолуцијата за напредокот на Република Македонија за членство во Европската унија, во рамките на пленарната седница во Стразбур. 582 европратеници гласаа „за“ Резолуцијата, 70 се изјаснија „против“, додека 34 беа воздржани.

Европратениците го повторија повикот до Европскиот совет во најкраток рок да утврди датум за почеток на преговори. Се поттенцира и важноста да се поддржат напорите во процесот на европската интеграција на нашата земја.

Беа прифатени трите амандамани на известувачот Ричард Ховит, со кои се додава нов параграф во Резолуцијата, при што се нагласува дека „отворањето на дијалогот на високо ниво меѓу Комисијата и Македонија на 15 март 2012 година, претставува чекор напред во процесот на членството на земјата во Унијата“.

 



Понеделник, 12 март 2012 година

Македонија на дневен ред во Европарламентот

Европскиот парламент од 12 до 15 март ќе одржи пленарна седница во Стразбур, на која, меѓу другото, в среда, ќе се дебатира и гласа за напредокот на Република Македонија за членство во Европската унија



Петок, 2 март 2012 година

Србија – земја-кандидат за ЕУ

Европскиот совет вчера се согласи да ѝ даде на Србија статус на земја-кандидат за членство во Европската унија, следејќи ја препораката на Советот на министри од 28 февруари годинава

Click