СРЕДБА НА АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ СО ЕВРОПРАТЕНИКОТ КРИСТИЈАН ...

Петок, 30 јули 2021 година

СРЕДБА НА АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ СО ЕВРОПРАТЕНИКОТ КРИСТИЈАН САГАРЦ

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски, денеска оствари средба со Кристијан Сагарц, пратеник во Европскиот парламент и известител во сенка на Европската народна партија за нашата држава.

Во срдечна и пријателска атмосфера, соговорниците разговараа за повеќе прашања во врска со: претстојните локални избори, потребата за постигнување консензус за изборното законодавство, борбата против корупцијата, независноста на судските инстанци, како и за чекорите за професионализација на судството како трета власт. 

Прочитај повеќе

ОНЛАЈН СОСТАНОК НА ПРАТЕНИКОТ АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ СО ЕВРОП...

Четврток, 4 март 2021 година

ОНЛАЈН СОСТАНОК НА ПРАТЕНИКОТ АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ СО ЕВРОПРАТЕНИКОТ АНДРЕАС ШИДЕР 

На средбата се разговараше за односите меѓу нашата држава и Европската унија, соработката меѓу Европскиот парламент и Собранието, можностите за почеток на пристапните преговори со ЕУ, динамиката на клучните реформи во земјата и актуелната политичка ситуација во државата. 
Прочитај повеќе

СРЕДБА НА АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ СО РОМАНСКАТА АМБАСАДОРКА АД...

Среда, 24 февруари 2021 година

СРЕДБА НА АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ СО РОМАНСКАТА АМБАСАДОРКА АДЕЛА МОНИКА АКСИНТЕ

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски, денеска оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Романија во земјава, Н.Е. Адела Моника Аксинте, со која разговараа за европската интеграција на државава, актуелните предизвици во процесот и потенцијалните можности за натамошен развој на соработката.

Прочитај повеќе

Средба на Николоски со унгарскиот амбасадор Дукс...

Понеделник, 15 февруари 2021 година

Средба на Николоски со унгарскиот амбасадор Дукс

На средбата соговорниците разговараа за билатералните односи и соработката меѓу двете држави, за актуелните предизвици кои претстојат на нашата држава во процесот пристапни преговори со Европската унија, а беа разменети и мислења за актуелните состојби и европската перспектива на регионот

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ СО БУГАРСКИОТ АМБАСАДОРОТ АН...

Понеделник, 15 февруари 2021 година

СРЕДБА НА АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ СО БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР АНГЕЛ АНГЕЛОВ

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски, денеска во Собранието, оствари средба со амбасадорот на Република Бугарија, Н.Е. Ангел Ангелов.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ СО ШВЕДСКАТА АМБАСАДОРКА КРИ...

Вторник, 9 февруари 2021

СРЕДБА НА АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ СО ШВЕДСКАТА АМБАСАДОРКА КРИСТИН ФОРСГРЕН БЕНГТСОН

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски, денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска, Н.Е. Кристин Форсгрен Бенгтсон.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА НИКОЛОСКИ СО ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР ЈАН КОП...

Среда, 3 февруари 2021 година

СРЕДБА НА НИКОЛОСКИ СО ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР ЈАН КОП

Николоски го запозна амбасадорот на Холандија за клучните цели на Националниот совет за евроинтеграции од формирањето во 2007 година, надлежностите, инклузивниот состав и клучната улога што Советот треба да ја оствари во процесот на пристапните преговори со ЕУ. Николоски информираше дека неговата интенција како претседател на Националниот Совет, е ова тело да биде доста активно и да креира конзенсус во процесот на пристапување во ЕУ. 
Прочитај повеќе

СРЕДБА НА НИКОЛОСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА КРАЛСТВО ШПАНИЈА ...

Среда, 27 јанаури 2021 година

СРЕДБА НА НИКОЛОСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА КРАЛСТВО ШПАНИЈА

Николоски на средбата информираше за улогата, целите и надлежностите на Националниот совет за евроинтеграции, принципот на консензуално одлучување и инклузивниот карактер на телото, кое дава можност за расправа на преставници не само на законодавната и извршната власт туку и на општествениот сектор, МАНУ, ЗНМ, ЗЕЛС, стопанските комори, религиските заедници. Николоски изрази благодарност за поддршката која Шпанија ја дава за европската интеграција, како на политичко така и на експертско ниво. Најави активна динамика на активностите на Советот и можност претставниците на земјите членки во ЕУ активно да партиципираат во неговата работа, да споделат искуства и експертиза во процесот на интеграција.
Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГ...

Понеделник, 25 јануари 2021 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ СО ЧЕШКИОТ АМБАСАДОР МИРОСЛАВ ТОМАН

На почетокот на средбата Николоски се заблагодари за прифатената покана за средба од страна на амбасадорот Томан, и искажа благодарност за континуираната и силна поддршка на Чешка за нашата европската интеграција. Николоски ја образложи идејата за формирањето на Националниот совет за евроинтеграции од 2007 година, неговата улога во пристапните преговори, одлучувањето со консензус на членовите со право на глас и за составот на Советот кој вклучува членови и претставници не само од законодавната или извршната власт, туку и од општествениот сектор, стопанските комори, религиските заедници, МАНУ.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот на Националниот совет за евроинтегр...

Петок, 22 јануари 2021 година

Средба на претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Николоски со австрискиот амбасадор Вуцас

На средбата Николоски информираше за новиот состав на Националниот совет за евроинтеграции, клучните цели на Советот, инклузивниот карактер и консензусот во одлучувањето. 
Прочитај повеќе
12   
Click