Среда, 30 ноември 2011 година
Пленарна седница на Европскиот парламент

Денеска и утре, Европскиот парламент одржува пленарна седница, на која, меѓу другото, ќе се гласа за договорот за членство на Хрватска во Европската унија, што ќе го отвори патот на оваа земја за присоединување кон европското семејство во 2013 година
Прочитај повеќе
Петок, 25 ноември 2011 година
Самит ЕУ-САД
Светската економска криза, билатералните односи и отворањето нови работни места, се меѓу прашањата за кои ќе стане збор на Самитот на Европската унија и Соединетите Американски Држави, кој ќе се одржи в понеделник, на 28 ноември, во Вашингтон.
Домаќин на Самитот ќе биде американскиот претседател, г. Барак Обама, а ЕУ ќе ја застапуваат претседателите на Европскиот совет и Европската комисија, г. Херман ван Ромпуј и г. Жозе Мануел Баросо, како и високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, г-ѓа Кетрин Ештон.
На средбата на високо ниво ќе се разменат мислења и околу надворешната политика, вклучително и актуелните состојби во Северна Африка и Блискиот Исток. Исто така, ќе се разгледа и напредокот од минатогодишниот самит во Лисабон.
Прочитај повеќе
Четврток, 24 ноември 2011 година
Прв европски договор за борба против насилството над жените и домашното насилство

Во пресрет на 25 ноември - Меѓународниот ден за борба против насилството над жените, заменик-генералниот секретар на Советот на Европа, г-ѓа Мод де Боер-Букичио, ги повика владите да го потпишат и ратифицираат првиот европски договор за борба против насилството над жените и домашното насилство
Прочитај повеќе
Понеделник, 21 ноември 2011 година
Универзален ден на децата

По повод вчерашниот ден, 20 ноември, на кој се одбележува Универзалниот ден на децата, високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, г-ѓа Кетрин Ештон, порача сите во своите можности да ги зголемат своите напори за да им се овозможи на децата вистинско детство, во кое ќе го реализираат сиот свој потенцијал
Прочитај повеќе
Петок, 18 ноември 2011 година
Конференција за е-администрацијата во ЕУ
Европските министри одговорни за електронска администрација, вчера и денеска, одржуваат конференција во Познањ, посветена на „Прекуграничните електронски административни услуги за Европејците".
На конференцијата во Полска (земјата која е моментален претседавач со ЕУ), учествуваат претставници на национални, регионални и локални администрации, бизнис сектори, невладини организации и експерти, како и министри од земјите-членки на ЕУ, земјите-кандидати и земјите од ЕФТА.
Дискусијата е насочена кон најважните прашања поврзани со развојот и ширењето на услугите на е-администрацијата во Европа, и тоа:
- политики за активностите во областа на услугите на е-администрацијата, вклучувајќи ги социјалните и економските аспекти;
- интероперативна стратегија за олеснување на општиот пристап до услугите на е-администрацијата во земјите-членки на ЕУ за сите граѓани и претпријатија;
- општествена грижа за: последиците од воведувањето на е-администрацијата, социјалното вклучување, општествените вредности, зајакнување на позицијата на корисниците и осигурување на квалитетот на сервисите.
Конференцијата ќе биде пропратена со изложба на најновите постигнувања во областа на електронските административни услуги и апликации. Секоја земја-членка ќе претстави до три различни проекти, избрани врз основа на сопствените приоритети во развојот на е-администрацијата.
Прочитај повеќе
Вторник, 15 ноември 2011 година
Нова стратегија за правата на децата

Со цел финализирање на новата стратегија за правата на децата за 2012-2015 година, Советот на Европа, на 20 и 21 ноември, ќе одржи конференција во Монако, на која ќе присуствуваат министри, пратеници, бранители на детските права и претставници на граѓанското општество.
Прочитај повеќе
Понеделник, 14 ноември 2011 година
Пленарна седница на Европскиот парламент

Европскиот парламент од денеска до 17 ноември одржува пленарна седница во Стразбур, на која, меѓу другото, ќе се разгледа работната програма на Европската комисија за следната година
Прочитај повеќе
Понеделник, 7 ноември 2011 година
Обединетото Кралство нов претседавач со Комитетот на министри

Во наредните шест месеци, Обединетото Кралство ќе претседава со Комитетот на министри на Советот на Европа, во кој период ќе се фокусира на човековите права.
Прочитај повеќе
Понеделник, 7 ноември 2011 година
Нов центар за медиумски плурализам и слобода на медиумите

Европската комисија ќе отвори центар во кој ќе се развиваат нови идеи за тоа како да се осигура висок степен на медиумска слобода и разноликост, како и зголемување на медиумскиот плурализам во Европа
Прочитај повеќе
Среда, 2 ноември 2011 година
Самит на Г-20

Должничката и финансиска криза во еврозоната ќе биде во фокусот на Самитот на Г-20, кој ќе се одржи на 3 и 4 ноември во Кан, Франција. Претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет, г. Жозе Мануел Баросо и г. Херман ван Ромпуј, во заедничко писмо до учесниците на Самитот, ги повикаа лидерите на развиените земји на заедничка акција за воспоставување на глобален економски развој
Прочитај повеќе