Сабота, 30 ноември 2013 година
Учество на семинар на тема: „Механизми со кои националните парламенти располагаат за справување со корупција“
Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Илија Китаноски, претседател на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Ромео Тренов, член на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и г. Драгиша Милетиќ заменик-член на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на 2 декември 2013 година ќе учествува на семинар на тема: „Механизми со кои националните парламенти располагаат за справување со корупција“, кој ќе се одржи во Парламентот на Република Србија во Белград
Прочитај повеќе
Четврток, 28 ноември 2013 година
Учество на меѓународна конференција
Учество на меѓународна конференција
Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Лилјана Поповска, заедно со пратеничките, г-ѓа Лилјана Кузмановска и г-ѓа Хајрије Мисими учествуваат на конференција за спроведување на критериумите за родова еднаквост во Западен Балкан, која се одржува на 27 и 28 ноември во Подгорица, Црна Гора
Прочитај повеќе
Вторник, 26 ноември 2013 година
Пратеничките Сузана Салиу и Цветанка Иванова на Самит на жените парламентарки во Брисел
Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Сузана Салиу и пратеничката Цветанка Иванова ќе учествуваат во Годишниот Самит „Жените во парламенти - Глобален форум“ што ќе се одржи во Европскиот парламент, Брисел, од 27-29 ноември 2013 година.
Прочитај повеќе
Петок, 22 ноември 2013 година
Собраниска делегација на парламентарен семинар во Брисел
Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г-ѓа Владанка Авировиќ, претседател на Комисијата за економски прашања и членовите на Комисијата: г. Николче Ацевски, г. Драган Цуклев и г-ѓа Јулиета Марку, на 25 и 26 ноември 2013 година ќе учествува на парламентарен семинар во Брисел, Кралството Белгија
Прочитај повеќе
Среда, 20 ноември 2013 година
Учество на работилница на тема: „Поттикнување на граѓанското општество во земјите-кандидати и потенцијални земји-кандидати за ЕУ членство“
Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Хајрула Мисини, од 21 до 23 ноември 2013 година, ќе учествува на работилница на тема: „Поттикнување на граѓанското општество во земјите-кандидати и потенцијални земји-кандидати за ЕУ членство“, што во организација на Меѓународното европско движење ќе се одржи во Будва, Црна Гора
Прочитај повеќе
Петок, 15 ноември 2013 година
Учество на пратениците Марјанчо Николов и Владанка Авировиќ на конференција во Црна Гора
Претседателот на Комисијата за финансирање и буџет, г. Марјанчо Николов и претседателот на Комисијата за економски прашања, г-ѓа Владанка Авировиќ на 18 и 19 ноември 2013 година во Пржно, Црна Гора, ќе учествуваат на Конференција на тема „Oдносите помеѓу врховните ревизорски институции и парламентите на земјите-кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ’’
Прочитај повеќе
Четврток, 14 ноември 2013 година
Работна посета на Делегација од Собранието на Република Македонија на Народното Собрание во Белград
Во рамки на работната посета ќе се дискутираат теми поврзани со надзорот на ИПА фондовите при што ќе се презентира искуството од Република Македонија, за продлабочување на активностите во регионалната мрежа и зајакнување на соработката помеѓу парламентарните комисии од парламентите на Србија и Македонија
Прочитај повеќе
Вторник, 12 ноември 2013 година
Положување венци свежо цвеќе
Прочитај повеќе
Понеделник, 11 ноември 2013 година
Собраниска делегација во возвратна посета на Република Турција
Делегација на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција во состав: г. Кенан Хасипи, претседател на пратеничката група, г. Амди Бајрам, г. Бехиџудин Шехаби, г. Газменд Алији и г. Ердоган Сарач, членови на пратеничката група ќе оствари возвратна посета на Република Турција од 11 до 15 ноември 2013 година, на покана од г. Хусеин Бурге, претседател на Турско-македонската меѓупарламентарна група за пријателство на Големо национално собрание на Република Турција
Прочитај повеќе
Среда, 6 ноември 2013 година
Собраниска делегација на Парламентарен семинар на тема „Младите и образованието на Балканот" во Брисел
Од Собранието на Република Македонија на семинарот ќе учествуваат пратениците: Александар Спасеновски, претседател на Комисијата за образование, наука и спорт, г-ѓа Дешира Имери, член на комисијата, Билјана Казанџиска, заменик-член на комисијата и г-ѓа Мерал Узеири Ферати, член на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
Прочитај повеќе