Понеделник, 26 ноември 2012 година
Четириесет и четврта седница на Комисијата за финансирање и буџет
Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Четириесет и четвртата седница, одржана денеска, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност (второ читање).
По Предлог на законот Комисијата го разгледа:
- Амандманот на член 1 за додавање на точка 8-б, по точката 8-а, поднесен од пратениците Марјанчо Николов и Миле Андонов, под архивски број 07-4209/2.
Амандманот го образложи пратеникот Марјанчо Николов.
Заменикот на министерот за финансии не се согласи со поднесениот амандман.
Со четири гласа „за“ и шест „против“, Комисијата не го усвои овој амандман.
По расправата, Комисијата го проследи Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност на натамошна постапка во Собранието.