Вторник, 30 ноември 2010 година
Самит ЕУ - Африка
Самит ЕУ - Африка

Во Триполи, главниот град на Либија, која претседава со Африканската унија, вчера и денеска се одржува третиот Самит на Европската унија и Африка, насловен како „Инвестиции, економски развој и создавање на работни места“
Прочитај повеќе
Вторник, 16 ноември 2010 година
Меѓународен ден на толеранцијата

Дискриминацијата сè уште постои во светот, без разлика на тоа дали е во однос на бојата на кожата, полот, етничката, националната или религиската припадност, политичката определба, сексуалната ориентација и слично. Токму затоа, денешниот ден, 16 ноември, e прогласен за Меѓународен ден на толеранцијата, првпат воспоставен во 1995 година од страна на Обединетите нации
Прочитај повеќе
Четврток, 11 ноември 2010 година
Македонија покажа дипломатска успешност во претседавањето со Комитетот на министри на СЕ

Република Македонија покажа голема дипломатска успешност за улогата која ја одигра Советот на Европа во Грузија, за помагањето во деблокирањето на мировниот процес во регионот на Јужна Осетија, како и за начинот на кој успеа да постигне согласнот кај сите 47 земји-членки на СЕ околу усвојувањето на Декларацијата за Ромите од Стразбур, беше оценето на вчерашниот состанок на Комитетот на министри на Советот на Европа, кога нашата земја ѝ ја предаде улогата претседавач на Република Турција
Прочитај повеќе
Четврток, 11 ноември 2010 година
Самит на Г-20 во Сеул

Денеска и утре, во Сеул, Јужна Кореја, ќе се одржи Петтиот самит на дваесетте најразвиени земји и економии во развој, во чиј фокус е трговската нерамнотежа во светски рамки и курсевите на валутите
Прочитај повеќе
Среда, 10 ноември 2010 година
Извештајот потврди дека Македонија е подготвена за пристапните преговори

„Овој извештај потврдува дека земјата е подготвена за отпочнување на пристапните преговори. Овие преговори ќе ѝ помогнат да се справи со низа важни предизвици, како што се владеење на правото и јавната администрација, како и зголемување на конкурентноста и намалување на невработеноста. Се надевам дека прашањето за името може да биде решено и ќе можеме да го започнеме овој процес кој е од особено значење за иднината на државата” – соопшти еврокомесарот за проширување, г. Штефан Филе, на вчерашната прес-конференција во Брисел, објавувајќи го Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2010 година.
Прочитај повеќе
Среда, 10 ноември 2010 година
Македонија ѝ го предава на Турција претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа

На 1097. состанок на Комитетот на министри на Советот на Европа, денеска во Стразбур, Република Македонија го завршува претседавањето со оваа паневропска организација за заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото
Прочитај повеќе
Вторник, 9 ноември 2010 година
Европската комисија ќе го презентира Извештајот за напредокот на Република Македонија во 2010 година

Во документот се очекува да биде укажано дека Македонија продолжува со исполнување на политичките критериуми, но треба да направи дополнителен прогрес во однос на дијалогот меѓу политичките актери, реформите на судството и јавната администрација, борбата против корупцијата, подобрувањето на бизнис опкружувањето и слободата на изразувањето
Прочитај повеќе
Вторник, 9 ноември 2010 година
Завршува македонското претседавање со Комитетот на министри на Советот на Европа

На утрешниот состанок на Комитетот на министри на Советот на Европа во Стразбур, Република Македонија ќе ѝ го предаде на Република Турција претседавањето со раководниот орган на најстарата паневропска организација за заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото.
Прочитај повеќе
Вторник, 9 ноември 2010 година
Визна либерализација за Албанија и БиХ

Граѓаните на Албанија и Босна и Херцеговина од 15 декември 2010 година ќе можат да патуваат низ Европа без визи, одлучи Советот на министри за внатрешни работи и за правда на земјите-членки на Европската унија
Прочитај повеќе
Четврток, 4 ноември 2010 година
Потребно е засилување на соработката во борбата против трговијата со дрога

На Конференцијата на Советот на Европа во Стразбур, „Групата Помпиду“ (Мултидисциплинарен форум кој се фокусира на политиката кон дрогата) ги повика министрите и нивните претставници од 50 земји од и надвор од Европа да ја засилат соработката во борбата против трговијата со дрога и злоупотребата на дрогата
Прочитај повеќе