Четврток, 24 октомври 2013 година
Шеесет и осма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија
Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 68. Седница, одржана на 18 октомври 2013 година, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа:
- Предлог на закон за дополнување на Законот за генетски модифицирани организми;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата;
- Предлог на закон за изменување на Законот за заштита од бучава во животната средина;
- Предлог на закон за изменување на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот;
- Предлог на закон за изменување на Законот за управување со пакување и отпад од пакување;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за водите;
- Предлог на закон за изменување на Законот за квалитет на амбиентниот воздух;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градежното земјиште;
- Предлог на закон за изменување на Законот за железничкиот систем;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем;
- Предлог на закон за изменување на Законот за интеропербилност во железничкиот систем;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за комунални дејности;
- Предлог на закон за изменување на Законот за жичари и ски-лифтови;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за гробишта и погребални услуги;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за домување.
На седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија во својство на претставници на Владата на Република Македонија присуствуваа: г. Стево Темелковски, заменик министер за животна средина и просторно планирање и г. Џељаљ Бајрами, заменик министер за транспорт и врски.
Претставниците на Владата на Република Македонија, ја нагласија потребата за донесувањето на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.
На крајот од расправата, Комисијата оцени дека Предлог законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.