Петок, 18 октомври 2013 година
Јавна расправа по Предлог на законот за медијација
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на 29 октомври 2013 година, во 10.00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, во Собрание на Република Македонија ќе одржи јавна расправа по Предлог на законот за медијација.
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе покани претставници од различни организации, институции и здруженија да учествуваат на расправата и да дадат свои мислења и ставови во врска со овој предлог на закон.
За дополнителни информации, контактирајте ги лицата Габриела Збиљиќ - секретар на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на телефон: +389 71 259012; е-пошта: g.spirkovska@sobranie.mk и kpolsis@sobranie.mk и Нада Кочовска -помлад соработник на телефон +389 70 235776 .