Четврток, 10 октомври 2013 година
Положување свежо цвеќе по повод државниот празник 11 Октомври - Ден на народното востание
По повод државниот празник 11 Октомври - Денот на народното востание, делегации на Собранието на Република Македонија на 11.10.2013 година (петок), ќе положат свежо цвеќе.
- Делегација предводена од потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули, во чиј состав се и пратениците: г. Владимир Ѓорчев и г-ѓа Соња Мираковска, во 10.00 часот, на гробиштата Бутел, ќе положи свежо цвеќе на:
- партизанските гробишта;
- гробот на претседателот Борис Трајковски;
- гробот на генерал Михајло Апостолски и
- гробот на претседателот Киро Глигоров;
- Делегација предводена од потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска, во чиј состав се и пратениците: г-ѓа Силвана Бонева, г-ѓа Ана Павловска- Данева, г-ѓа Дешира Имери и г. Ивон Величковски, ќе положи свежо цвеќе на:
- споменикот на Методија Андонов-Ченто на Плоштадот Македонија во 11.00 часот;
- споменикот на паднатите херои за Македонија во паркот „Жена борец“ во 11.30 часот;
- Делегација во чиј состав се пратениците: г-ѓа Ане Лашкоска, г. Горан Сугарески и г. Николче Ацевски, во 10.00 часот, во Прилеп, ќе положи свежо цвеќе на:
- споменикот на Методија Андонов-Ченто;
- Могилата на непобедените и Алејата на народни херои;
- споменикот на Кузман Јосифовски-Питу;
- Делегација во чиј состав се пратениците: г. Јордан Пачков, г. Игор Ивановски и г. Горан Мисовски во 11.00 часот, ќе положи свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово.