Вторник, 22 октомври 2013 година
Положување венец свежо цвеќе
По повод државниот празник 23 Октомври - Ден на Македонската револуционерна борба, делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, во состав: г-ѓа Силвана Бонева, г-ѓа Вјолца Нуредини Мехмети, г-ѓа Владанка Авировиќ, г-ѓа Лилјана Поповска и г. Авдија Пепиќ ќе положи венец свежо цвеќе.
Делегацијата на 23.10.2013 година (среда), во 11.45 часот, ќе положи венец свежо цвеќе на Споменикот на основачите на ВМРО во Парк „Жена борец“.