Четврток, 10 октомври 2013 година
Учество на Регионална конференција за парламентарен надзор на ИПА фондовите
Делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини, а во состав: г-ѓа Владанка Авировиќ, претседател на Комисијата за економски прашања, г. Марјанчо Николов претседател на Комисијата за финансирање и буџет и пратениците г. Гордан Георгиев и г-ѓа Христина Рунчева ќе учествува на Регионалната конференција за парламентарен надзор на ИПА фондовите од 11 до 13 октомври 2013 година, во Охрид.
Оваа Конференција е дел од активностите на Регионалната парламентарната мрежа на Комисиите за финансирање и буџет, економски прашања и европски интеграции финансирана од Вестминстер Фондацијата..