Среда, 26 октомври 2011 година
Учество на пратеникот, г. Илија Димовски, на Шестата редовна пленарна годишна сесија на Парламентарното собрание на Медитеранот
Во заедничка организација на Парламентарното собрание на Медитеранот и Парламентот на Италија, од 27 до 29 октомври 2011 година, во Палермо, Италија, ќе се одржи Шестата редовна пленарна годишна сесија на Парламентарното собрание на Медитеранот
Прочитај повеќе
Сабота, 15 октомври 2011 година
Делегација на Собранието на Република Македонија ќе учествува на 125. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ) во Берн
На 125. Собрание на ИПУ ќе се дискутира за скорешните настани на Блискиот Исток и Северна Африка, нуклеарното разоружување, регулирањето на финансиските пазари, глобалното владеење, пристапот до здравствена грижа за жените и децата и сл
Прочитај повеќе
Петок, 14 октомври 2011 година
Учество на Македонска собраниска делегација на Конференција во Белград
Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г-ѓа Владанка Авировиќ, заменик-претседател на Комисијата за економски прашања и пратениците: г. Миле Андонов, г. Неџати Јакупи, г. Николче Ацевски и г. Сафет Бишевац, на 17 и 18 октомври 2011 година, ќе учествува на Конференција во Белград, Република Србија, на тема „Енергија-Развој-Демократија: Моделирање на новата енергетска иднина на ЈИЕ“
Прочитај повеќе
Понеделник, 10 октомври 2011 година
Положување свежо цвеќе по повод државниот празник 11 Октомври
Прочитај повеќе
Понеделник, 10 октомври 2011 година
Учество на Македонска собраниска делегација на Есенската годишна сесија на ПС на НАТО
Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, предводена од г. Талат Џафери, а во чиј состав е и членот на Делегацијата, г. Павле Трајанов, учествува во работата на Есенската годишна сесија на Парламентарното собрание на НАТО, која се одржува од 7 до 10 октомври во Букурешт, Романија
Прочитај повеќе
Четврток, 6 октомври 2011 година
Јавна расправа на тема „Предлог-закон за дополнување на Законот за градење"
Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, ќе одржи јавна расправа на тема „Предлог-закон за дополнување на Законот за градење", поднесен од пратениците Ристо Манчев и Димитар Стевананџија. Расправата ќе започне на 10 октомври 2011 година во 11 часот во салата „Борис Трајковски“ во Собранието на Република Македонија
Прочитај повеќе
Четврток, 6 октомври 2011 година
Учество на Македонска собраниска делегација на Есенското заседание на ПС на ОБСЕ
Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ, во состав: г-ѓа Ана Павловска-Данева, шеф на Делегацијата и г. Зиадин Села, член на Делегацијата, ќе учествува на Есенското заседание на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), што ќе се одржи од 7 до 10 октомври 2011 година во Дубровник, Хрватска
Прочитај повеќе
Понеделник, 3 октомври 2011 година
Надзорна расправа на Комисијата за транспорт, врски и екологија
Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија ќе одржи надзорна расправа на тема „Спроведувањето на политиката во извршување на Законот за градење, Законот за општа управна постапка и Законот за инспекциски надзор во случајот за станбено-деловниот комплекс КОСМОС“. Расправата ќе започне на 5 октомври 2011 година во 11,00 часот во салата „Борис Трајковски" во Собранието на Република Македонија
Прочитај повеќе