Вторник, 25 октомври 2011 година
Десетта седница на Комисијата за финансирање и буџет
Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Десеттата седница, одржана на 19 октомври 2011 година, како заинтересирано работно тело го разгледа:
- Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2011 година.
Во расправата учествуваа пратениците: г. Марјанчо Николов, г. Борис Стојменов, г. Ромео Тренов, г. Изет Зеќири, г-ѓа Лилјана Кузмановска, г-ѓа Владанка Авировиќ, г. Самка Ибраимоски, г. Драган Цуклев и г. Стојко Пауновски.
Комисијата во расправата по Извештајот претежно се осврна во делот на поглавјата кои се во нејзина надлежност:
- слободно движење на капиталот;
- јавните набавки;
- финансиските услуги;
- оданочувањето;
- економската и монетарната политика;
- царинската унија;
- финaнсиската контрола;
- финансиските и буџетските одредби.
На крајот од расправата Комисијата едногласно заклучи да му предложи на Собранието да го разгледа Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2011 година.