Четврток, 27 октомври 2011 година

ЕУ постигна антикризен договор

Лидерите на Европската унија постигнаа договор за спас од финансиската и должничка криза, кој содржи три клучни точки: отпис на грчкиот долг, зголемување на кредитната стабилност на Европскиот фонд за финансиска стабилност и зголемување на темелниот капитал на банките



Среда, 26 октомври 2011 година

ЕУ Самит за спас од кризата

Шефови на држави и влади на земјите-членки на Европската унија денеска ќе одржат Самит во Брисел за постигнување сеопфатен европски план за излез од финансиската криза и изнаоѓање решение за должничката криза во еврозоната.



Петок, 21 октомври 2011 година

Европарламентот ја додели наградата за новинарство

Новинари од Италија, Франција, Финска и Германија, се добитниците на наградата за новинарство за 2011 година, која ја доделува Европскиот парламент во категориите: интернет, печатени медиуми, телевизија и радио. Годишната награда за новинарство, во вредност од по 5.000 евра за секоја од четирите категории, ја додели претседателот на Европскиот парламент, г. Јержи Бузек, на свечена церемонија во Брисел



Среда, 12 октомври 2011 година

Европската комисија ќе го презентира Извештајот за напредокот на Република Македонија во 2011 година

Пакетот документи со стратегијата за проширување, заедно со Извештаите за напредокот на земјите-кандидати за членство во ЕУ и аспиранти за членство во Брисел, ќе ги презентира еврокомесарот за проширување, г. Штефан Филе.



Среда, 12 октомври 2011 година

Третпат потврдена препораката за пристапни преговори на Македонија со ЕУ

„Остануваме на нашата препорака за почнување на пристапните преговори. Перспективите за интеграција во Европската унија се водилка за продолжување на реформскиот процес. Сепак, со продолжување на спорот за името, мотивираноста за реформи е намалена. Постигнат е мал прогрес во текот на изминатава година. Суштествените предизвици остануваат - независноста на судството, реформите во јавната администрација и борбата против корупцијата. Слободата на изразување и натаму останува сериозен предизвик. Затоа клучно е да се постигне прогрес за прашањето за името. Решавањето премногу се одолжува. Отворањето на пристапните преговори ќе биде корисно не само за земјата и за регионот, туку и за Европската унија како целина. Не смее да биде загубена уште една година“, истакна еврокомесарот Филе.



Среда, 12 октомври 2011 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент денеска и утре во Брисел ќе одржи Пленарна седница, на која, меѓу другото, ќе стане збор за тоа дали Бугарија и Романија треба да се вклучат во Шенген зоната. Расправата ќе се одржи денеска, а гласањето по оваа Резолуција ќе следи утре



Понеделник, 10 октомври 2011 година

Отворен центар за посетители во Европарламентот

Европскиот парламент отвори нов центар за посетители во Брисел, кој ќе овозможи поблизок пристап во работата на европратениците и кој е целосно достапен на 23-те официјални јазици на Европската унија



Понеделник, 10 октомври 2011 година

Светски и европски ден против смртната казна

Денеска, 10 октомври, по деветти пат се одбележува Светскиот и европски ден во борбата за укинување на смртната казна, кој годинава се фокусира на неа како грубо, нечовечко и понижувачко постапување и казнување. Овој ден претставува можност да се подигне свеста за нечовечноста на смртната казна во текот на целиот процес, од казнувањето до извршувањето



Вторник, 4 октомври 2011 година

Петти самит на ЕУ и Бразил

На Петтиот самит на Европската унија и Бразил, кој се одржа во Брисел, челниците ги потврдија заедничките вредности и принципи кои се изразуваат во нивното стратешко партнерство, со акцент на посветеноста кон поттикнување мир и меѓународна безбедност, зајакнување на демократијата и законодавството, почитување на човековите права и основните слободи, како и одржлив развој на социјалната вклученост и заштита на околината

Click