ПЕТОК, 9.1.2009 год.11,00 часот, Сала 1
ТРИЕСЕТ И ОСМА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Предлог на дневен ред:
1. Утврдување на Предлог на амандманот XXXI на Уставот на Република Македонија;
2. Донесување на Амандманот XXXI на Уставот на Република Македонија;
3. Прогласување на Амандманот XXXI на Уставот на Република Македонија.
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:
1. Предлог на закон за инвестициски фондови - I читање;
2. Предлог на закон за изменување на Законот за цивилни инвалиди од војната - I читање;
3. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност - I читање;
4. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за помилување - I читање;
5. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите - II читање;
6. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за вработување и работа на странци - II читање;
7. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој - II читање;
8. Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем по Проектот за подобрување на постоечката регионална и општинска патна мрежа - II читање;
9. Предлог на закон за изменување на Законот за комунални дејности - II читање;
10. Предлог на закон за изменување на Законот за државните службеници, по скратена постапка;
11. Предлог на закон за изменување на Законот за судска служба, по скратена постапка;
12. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за водите, по скратена постапка;
13. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување, по скратена постапка.