Работни тела

Комисија за екологија, млади и спорт 



Комисијата за екологија, млади и спорт има претседател и осум члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и три члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:

- заштитата и унапредувањето на животната средина, природата, воздухот, земјата и водите од загадување;

- обезбедување услови за здрава животна средина;

- спречувањето на штетната бучава;

- заштитата од јонизирачко зрачење и други штетни дејства по животот и здравјето на луѓето и посебните мерки на сигурност при употреба на нуклеарна енергија;

- заштитата на животинскиот и растителниот свет од загадување;

- заштитата од загадување при превоз и промет на експлозивни, радиоактивни и запаливи течности и гасови;

- природните реткости од аспект на заштитата и унапредување на животната средина;

- образованието на младите, ученичкиот и студентскиот стандард;

- социјалната сигурност на младите;

- поттикнувањето на интелектуалното, културното и научното творештво на младите;

- заштитата од болестите на зависност и од СИДА-та;

- развојот и унапредувањето на физичката култура;

- развојот на врвниот спорт и

- други прашања што се однесуваат на екологијата, младите и спортот.


Претседател: Рамадани Исмет 
 

        Членови: Киров Митко  
                        Симев Вангел 
                        Спанаков Ристо  
                        Етеми Фатмир 
                        Макрадули Јани 
                        Настески Кирил 
                        Селмани Аслан 
 
Click