Работни тела



Комисија за надворешна политика

Комисијата за надворешна политика има претседател и дванаесет члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и четири члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:

  • надворешната политика на Република Македонија и нејзините односи со другите држави и меѓународни организации;
  • политиката со која се обезбедува грижата на Републиката за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, како и за културните, економските и социјалните права на граѓаните од Републиката и
  • стапувањето или истапувањето од сојуз или заедници со други држави;
  • потребата од започнување преговори за склучување билатерални и мултилатерални меѓународни договори на Република Македонија, односно за платформите на овие преговори;
  • ратификацијата на меѓународни договори;
  • предлозите за поставување на амбасадорите на Република Македонија во странство и ги ислушува платформите за нивно делување;
  • меѓународната регулатива од областа на човековите и граѓанските права, слободи и документите на меѓународните организации и асоцијации;
  • меѓународната регулатива од областа на човековите и граѓанските права, слободи и документите на меѓународните организации и асоцијации;
  • воспоставување на парламентарна соработка на Републиката со други држави и меѓународни организации;
  • воспоставување соработка со респективните комисии за надворешна политика на парламентите на другите држави;
  • иницијативи и предлози за дефинирање на стратегијата на надворешната политика на Република Македонија;
  • иницирање расправи во Собранието на актуелни надворешно-политички теми и
  • други прашања што се однесуваат на надворешната политика на Република Македонија.

ПретседателБошков Јордан   

         Членови
Глигороски Данило  
                            Марковска Ѓулистана 
                            Черкезов Миланчо 
                            Кралевски Чедомир 
                            Карангелевски Радомир  
                            Петровски Томислав 
                            Дика Замир  
                            Ханџиски Благој  
                            Шеќеринска Радмила 
                            Поповски Љубомир  
                            Билали Мерсел  
                            Даневски Слободан 
 

 

Click