Понеделник, 30 септември 2013 година
Учество на есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа
Од 30 септември до 4 октомври во Стразбур, Република Франција, се одржува редовната есенска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествува делегација на ПССЕ на Собранието на Република Македонија, предводена од шефот на делегацијата, г. Александар Николоски и членот г. Игор Ивановски
Прочитај повеќе
Петок, 20 септември 2013 година
Јавна расправа по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за авторско право и сродните права
Јавната расправа ќе се одржи на 26 септември 2013 година (четврток), со почеток од 10.00 часот, во Сала „Борис Трајковски“ во зградата на Собранието на Република Македонија
Прочитај повеќе
Среда, 18 септември 2013 година
Јавна расправа по Предлогот на законот за прекршоци
Јавната расправа ќе се одржи на 20 септември (петок) 2013 година, со почеток од 11,00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, во зградата на Собранието на Република Македонија
Прочитај повеќе
Петок, 6 септември 2013 година
Полагање венец свежо цвеќе
По повод 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија, собраниска делегација предводена од г. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија, во состав: г-ѓа Силвана Бонева, г. Гордан Георгиев, г. Неџати Јакупи, г-ѓа Соња Мираковска и г. Сафет Бишевац, ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот „Паднати херои за Македонија", на 8 септември (недела), во 12.00 часот, во паркот „Жена борец“.
Прочитај повеќе
Четврток, 5 септември 2013 година
Надзорна расправа на тема: „Користење на фондовите од инструментот за пристапна помош-ИПА во Република Македонија“ - ИПА компонента I - помош во период на транзиција и градење на институции
Второто продолжение на 42. седница на Комисијата за европски прашања, посветена на Надзорната расправа ќе се одржи на 11 септември 2013 година, со почеток од 11.00 часот, во Сала „Борис Трајковски", во зградата на Собранието на Република Македонија.
Прочитај повеќе