Вторник, 15 септември 2009 година
Дваесет и шеста седница на комисијата за економски прашања
Комисијата за економски прашања, како матично работно тело, на денешната седницата ги разгледа Предлогот на Законот за акредитација (второ читање) и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за метрологија (второ читање).
Во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, во однос на овие Предлог-закони не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи.
Комисијата едногласно му предлага на Собранието на Република Македонија да ги донесе Предлогот на Законот за акредитација и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за метрологија.