Четврток, 3 септември 2009 година
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот амбасадор на Социјалистичка Република Виетнам, Н.Е.Тран Ван Тин


На средбата претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски, изрази надеж дека во иднина односите меѓу двете земји ќе бележат зајакнување во меѓусебните економски и политички релации. Верувам дека интерес за ова има и кај двете страни. Во тие рамки, Собранието на Република Македонија е подготвено да придонесе во јакнење на меѓусебната парламентарна соработка.
Новоименуваниот амбасадор, Н.Е.Тран Ван Тин, изрази задоволство од неговиот прв престој во Република Македонија и изрази надеж дека ќе придонесе во зајакнувањето на соработката меѓу двете земји. Амбасадорот исто така се согласи дека заедно треба да работиме и на зголемување на економската соработка и од име на претседателот на Виетнамскиот Парламент го покани претседателот Вељаноски да го посети Виетнам.