Четврток, 24 септември 2009, Комисија за европски прашања
Разгледан предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки и индустриски развојни зони
Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 22 септември 2009 година го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки и индустриски развојни зони.
Предлог-законот е во прилог на приближување на македонското со европското законодавство, нуди нови поволности за странските инвеститори, кои значат и нови бенефити за оние кои се заинтересирани за инвестирање во Република Македонија.
Потребата за донесување на Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за технолошки и индустриски развојни зони ја образложи министерот за економија Фатмир Бесими.
Во расправата учествуваа пратениците: Игор Ивановски, Славица Грковска Лошкова, Панче Дамески и Васко Шутаров.
Комисијата со седум гласа „ЗА” заклучи дека Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање, од аспект на неговата усогласеност со правото на ЕУ.
Комисијата го гледа Предлог-законот како заинтересирано работно тело.