Петок, 28 септември 2012 година
НОВА СТРАТЕГИЈА ЗА ПОДДРШКА НА КУЛТУРНИТЕ И КРЕАТИВНИТЕ СЕКТОРИ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА
Европската комисија на 26 септември годинава презентираше стратегија за зголемување на растот и на работните места во културните и креативни сектори во Европската унија. Oвие два сектори вклучуваат компании и организации активни во повеќе области: архитектура, уметничките вештини, културно наследство, дизајн, фестивали, филм, телевизија, музика, уметници, визуелна уметност, архиви, библиотеки, публикување и радиа, кои остваруваат помеѓу 3.3% до 4,5% од БДП и вработуваат од 7 до 8,5 милиони луѓе во ЕУ. Како резултат на промените од дигитализацијата и глобализацијата, креативните и културните сектори се соочуваат со големи предизвици. Пристапот до финансиски средства останува најголема пречка за развој на двата сектори.
Прочитај повеќе
Среда, 26 септември, 2012 година
ЕВРОБАРОМЕТАР: ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ НАЈДОБРО ЈА ПРЕТСТАВУВА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Според најновото истражување на Евробарометар, спроведено по барање на Европскиот парламент и координирано од страна на Генералниот директорат за комуникации, граѓаните на Европската унија искажале попозитивно мислење за Унијата во споредба со девет месеци претходно. Истражувањето е спроведено во периодот од 2 до 17 јуни годинава, при што биле опфатени 26.622 жители од сите 27 земји-членки на Европската унија. Резултатите од анкетата беа објавени на 6 септември годинава.
Прочитај повеќе
Понеделник, 24 септември 2012 година
ОДБЕЛЕЖАН ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА СОРАБОТКА

За прв пат оваа година во Европската унија се одбележа Европскиот ден на соработката. Во одбележувањето на Европскиот ден на соработка беа организирани околу 200 настани, се приклучија 72 програми за соработка од околу 40 земји од Европа, со што беа прославени постигнувањата на европските региони и земјите кои соработуваат преку границите.
Прочитај повеќе
Четврток, 20 септември 2012 година
ПРЕДЛОГ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА ЕДИНСТВЕН МЕХАНИЗАМ ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА БАНКИТЕ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Суштинска компонента на европската политика во областа на финансиските услуги е постигнување на интегриран пазар за банките и финансиските конгломерати. За да се избегнат во иднина банкарските кризи, да се обнови довербата во финансискиот систем и да се обезбеди заштита на штедачите, потребно е да се обезбеди поцврста супервизија и интеграција на ниво на Европската унија.
Прочитај повеќе