Среда, 21 септември 2011 година
НОВА ЕВРОПСКА СТРАТЕГИЈА ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Европската комисија на 20 септември годинава презентираше стратегија за реформи на високото образование со цел да се зголеми бројот на дипломирани студенти и подобрување на квалитетот на наставата. Стратегијата која претставува дел од Европската стратегија за нови работни места и раст, ги одредува приоритетните области во кои земјите-членки на Европската унија треба да постигнат напредок и да се постигнат заедничките цели во образованието.
Прочитај повеќе
Четврток, 15 септември, 2011 година
НАУЧНИ ИСТРАЖУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНА ХРАНА ВО ЕВРОПА

Во рамките на Полското претседателство со Советот на Европската унија, на 8 и 9 септември годинава во Варшава се одржа конференција посветена на "Храната во 21-от век". Конференцијата беше организирана од Полското Министерство за наука и високо образование, Институтот за истражување и хортикултура, во соработка со Министерството за земјоделство и рурален развој, Техничкиот универзитет и Националната контакт точка за истражување на европски програми.
Прочитај повеќе
Вторник, 13 септември 2011 година
НОВИ ПРЕДЛОЗИ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СНАБДУВАЊЕТО СО ЕНЕРГИЈА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Европската комисија на 7 септември годинава издаде соопштение за безбедноста во снабдувањето со енергија и меѓународна соработка во кое за прв пат се поставува сеопфатна стратегија на Европската унија посветена на надворешните односи во областа на енергетиката. Централно значење во пристапот на Европската комисија е подобрување на координацијата на земјите членки на ЕУ во идентификување и имплементирање на приоритетите во надворешната енергетска политика.
Прочитај повеќе