Четврток, 30 септември 2010 година, Национален совет за евроинтеграции

Јавна расправа на тема „Политиките за унапредување на животната средина во Република Македонија"

Националниот совет за евроинтеграции, согласно препораките од Мислењето за усвојување на правото на Европската унија во текот на 2010 година и Анексот 2 кој е составен дел на Мислењето, на 29 септември 2010 година, организираше јавна расправа на тема „Политиките за унапредување на животната средина во Република Македонија".



Четврток, 30 септември 2010 година

Четириесет и осма седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на 29 септември 2010 година ја одржа својата Четириесет и осма седница



Вторник, 28 септември 2010 година

Делегација од Собранието на Република Македонија предводена од претседателот, г. Трајко Вељаноски, оствари средба со претседателот на Големото народно собрание на Турција, г. Мехмет Али Шахин

Претседателот Вељаноски, искажувајќи благодарност за досега добиената поддршка од Република Турција, потенцираше дека односите меѓу двете држави се повеќе од пријателски и имаат значајна улога во целокупната стабилност во регионот и пошироко. Тој изрази убеденост дека без оглед на проблемите кои ја забавуваат интеграцијата, истите ќе се надминат и двете држави ќе станат дел од Европската унија.



Понеделник, 27 септември 2010 година, Истанбул

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски со Вселенскиот патријарх Вартоломеј и со претседателот на Република Турција, г. Абдулах Ѓул

На средбата во Цариградската патријаршија претседателот Вељаноски го изрази своето задоволство што токму денеска, на Крстовден се сретнува со патријархот Вартоломеј и изрази благодарност и почит кон пасторалниот и духовен придонес кој го дава во целата православна екумена, на која ѝ припаѓа и македонскиот народ и Македонската православна црква - Охридска архиепископија.



Понеделник, 27 септември 2010 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, во дводневна официјална посета на Република Турција

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, од денеска е во дводневна официјална посета на Република Турција. Во рамките на посетата, претседателот Вељаноски денеска во Истанбул ќе оствари средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, како и со претседателот на Република Турција, г. Абдулах Ѓул.



Петок, 24 септември 2010 година

Обраќање на Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на тркалезна маса во рамките на декадата на Обединетите нации на акција за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата

Безбедноста во сообраќајот на патиштата, како дел од вкупниот сообраќај, е тема и прашање кое има најширок општествен интерес. Во исто време, ова прашање, особено во овие динамични процеси на глобализација, исто така, добива глобална димензија. Самиот податок дека годишно во светот над 1,3 милиони луѓе умираат во сообраќајни несреќи, а материјалните штети и другите последици се речиси немерливи, покажува дека станува збор за глобален проблем. Токму затоа, Обединетите нации декадата 2011 - 2020 ја прогласија за Декада за безбедност на патиштата, а донесена е и посебна Резолуција.



Четврток, 23 септември 2010 година

Петнаесетта седница на Буџетскиот совет

Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија, на Петнаесеттата седница одржана денеска, ја разгледа Информацијата за состојбата на средства во Буџетот на Собранието на Република Македонија за 2010 година и настанатите, а неплатени обврски на Собранието на Република Македонија од 1.1.2010 – 21.9.2010 година и врз основа на расправата едногласно заклучи:



Четврток, 23 септември 2010 година

Четириесет и трета седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Четириесет и трета седница, како матично работно тело во второ читање го разгледа Предлогот на закон за безбедност на храната на животни

Среда, 22 септември 2010 година, Национален совет за евроинтеграции

Јавна расправа по работната верзија на Предлог-законот за енергетика

Националниот совет за евроинтеграции денеска организираше Јавна расправа по работната верзија на Предлог-законот за енергетика, закон кој произлегува од Националната програма за усвојување на правото на Европската унија-ревизија 2010.



Вторник, 21 септември 2010 година

парламентот - централна институција која може да ги обликува и спроведува законите кои ги унапредуваат правата на децата

Собранието на Република Македонија, во соработка со Фондацијата за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), вчера и денеска организираше меѓудржавна консултативна средба за улогата на парламентите во промоцијата и мониторингот на детските права, како продолжение на претходно потпишаниот договор за двегодишна соработка во областа на зајакнување на улогата на парламентарците во промовирање на детските права во земјата помеѓу Собранието и УНИЦЕФ во ноемри 2009 година.

Со овој договор беа воспоставени две неформални парламентарни тела за детските права: Одборот за детски права и работната група за детските права во рамките на Комисијата за труд и социјална политика. А, оттука, произлезе и идејата за разгледување на можноста за востановување постојана комисија за детски права.

На средбата, воведни обраќања имаа г. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија, г. Кирси Мади, заменик-директор на УНИЦЕФ за Југоисточна Европа, г. Никола Новаковиќ, заменик-претседател на Народното собрание на Србија и член на Српската парламентарна комисија за деца и г. Екхард Полс, член на Парламентот и претседател на Комисијата за детски прашања.

Целта на оваа средба беше да се подигне свесноста за важноста на правата на децата и важноста од зајакнување на управните структури за децата и да им се помогне на парламентарците во разгледувањето на можноста за востановување на ваква комисија преку размена на искуства и знаење, како и преку подобро запознавање со детските права кое може да се примени во секојдневната работа на парламентарците.

Присутните дебатираа на прашањата за улогата на парламентите во промовирање и мониторинг на детските права, споделувајќи  ги притоа различните искуства преку претставниците на Сојузна Република Германија г. Екхард Полс, член на парламентот и претседател на Комисијата за детски прашања, г-ѓа Катја Донер и г-ѓа Никол Брахт Бент, членови на парламентот и на Комисијата за детски прашања и г. Никола Новаковиќ, заменик-претседател на Народното собрание на Србија и член на Српската парламентарна комисија за деца и г-ѓа Милица Војиќ-Марковиќ, член на Српската парламентарна комисија за деца.

Македонскиот пример го презентираа претседателот на Комисијата за труд и социјална политика, г. Илија Китановски и претседателот на Комисијата за еднакви можности на мажите и жените, г-ѓа Лилјана Поповска.

Беше истакната улогата на парламентот како централна институција која може да ги обликува и спроведува законите кои ги унапредуваат правата на децата, да распределуваат средства за секторите кои се од важност за децата, да ги повикува владите и релевантните сегменти на општеството на отчет за децата и нивните права и да ги застапуваат интересите и гласот на децата.

Присутните констатираа дека оваа идеја за основање на посебна комисија за правата на детето е многу важна, воедно беше позитивно поздравен и политичкиот консензус помеѓу сите политички партии во однос на ова прашање.



Понеделник, 20 септември 2010 година

Воведно обраќање на претседателот Вељаноски на МЕЃУДРЖАВНА КОНСУЛТАТИВНА СРЕДБА ЗА УЛОГАТА НА ПАРЛАМЕНТИТЕ ВО ПРОМОЦИЈАТА И МОНИТОРИНГОТ НА ДЕТСКИТЕ ПРАВА

Почестен сум што Собранието на Република Македонија е домаќин на оваа значајна средба, на која ќе се зборува за улогата на парламентите и заштитата на детските права. Ова е прв настан, од серијата настани кои ќе следат, на кои Собранието на Република Македонија ќе демонстрира посебна заложба за промоција и заштита на правата на децата во нашата земја.



Понеделник, 20 септември 2010

Поздравно обраќање на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на Седницата на Комисијата за миграции, бегалци и население на ПС на СЕ

Собранието на Република Македонија ѝ посветува особено значење на можноста за прв пат да претседава со најстарата паневропска организација и да даде свој придонес во остварувањето на заедничките европски цели и вредности. Од добивањето на статусот полноправна членка во 1995 година, Република Македонија активно учествува во работењето на сите институции кои се во рамките на Советот на Европа, но истовремено и одговорно ги остварува своите обврски кои потекнуваат од самото членство.



Понеделник, 20 септември 2010 година

Поздравно обраќање на шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа г. Александар НиколOски

Со особено задоволство во име на Делегацијата на Собранието на РМ и од мое лично го поздравувам вашето учество на денешната и утрешната сесија на Комисијата на ПС на СЕ за миграција, бегалци и население. Таа се одржува среде интензивни активности во рамките на Македонското претседателство со СЕ - минатата недела туку што завршија Конференцијата посветена на религиозната димензија на мултикултурниот дијалог и улогата на медиумите и беше одржан младинскиот собир означен како Охридски процес, а ни претстои и министерска конференција посветена на унапредувањето на општествените вредности и културното наследство во Европа.



Понеделник, 20 септември 2010 година, Приштина

Безалтернативна потреба на регионот од отворена и непречена меѓусебна соработка

Во своето обраќање пред форумот госпоѓа Арифи ја подвлече безалтернативната потреба на регионот од отворена и непречена меѓусебна соработка, како и неговата евроатлантска интеграција. Таа нагласи дека општествата имаат обврска да го следат текот на современите и актуелни движења на економски и политички план, кои за среќа во актуелниов историски моментум се предизвиците од етаблирање и практикување на демократските вредности



Петок, 17 септември 2010 година

Дванаесетта седница на Комитетот за односи меѓу заедниците

Комитетот за односи меѓу заедниците, денеска, на својата Дванаесетта седница, расправаше за Имплементацијата на Националните акциони планови од Стратегијата и Декадата за Ромите во Република Македонија



Петок, 17 септември 2010 година

Европскиот Совет посветен на надворешната политика

На вчерашниот самит на Европскиот совет во Брисел, шефовите на држави и влади на 27-те земји-членки од Европската унија се договорија во иднина да одржуваат редовни состаноци за надворешната политика на Унијата, со цел да се зголеми нејзината ефективност



Четврток, 16 септември 2010 година

Четиринаесетта седница на Буџетскиот совет

Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија на Четиринаесеттата седница, одржана денеска, ги разгледа Предлог-буџетското барање на Собранието на Република Македонија за 2011 година и Предлог-стратешкиот план на Собранието на Република Македонија за 2011 година.

Буџетскиот совет врз основа на расправата по Предлог-буџетското барање на Собранието на Република Македонија за 2011 година на крај едногласно ги усвои следниве заклучоци:

1. Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија го разгледа и го прифати Предлог-буџетското барање на Собранието на Република Македонија за 2011 година.

2. Овој заклучок на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија да се достави до претседателот на Собранието на Република Македонија, до генералниот секретар на Собранието на Република Македонија, до раководителот на Секторот за финансиски прашања и до Министерството за финансии.  

Во однос на Предлог-стратешкиот план на Собранието на Република Македонија за 2011 година Буџетскиот совет едногласно ги усвои следниве заклучоци:

1. Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија согласно член 27 став (1) алинеја 1 од Законот за Собранието на Република Македонија го разгледа и утврди Стратешкиот план на Собранието на Република Македонија за 2011 година.

2. Овој заклучок заедно со Стратешкиот план на Собранието на Република Македонија за 2011 година да се достави до претседателот на Собранието на Република Македонија, до генералниот секретар на Собранието на Република Македонија и до Министерството за Финансии.
 

 



Среда, 15 септември 2010 година

Неопходно е јакнење на капацитетите на канцелариите за контакт со граѓаните

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на демократијата - 15 септември, во соработка со Националниот демократски институт (НДИ) и Институтот за парламентарна демократија (ИПД) во Собранието на Република Македонија беше организирана трибина на тема „Политичка одговорност – зацврстување на врските меѓу Собранието и граѓаните“, што отвори простор за дискусија за демократијата и можност да се разговара за тоа како Македонскиот парламент ги спроведува демократските функции.



Понеделник, 13 септември 2010 година, Охрид

Обраќање на претседателот Вељаноски на конференција за е-Демократија

Живееме во столетие во кое прoцесите на глобализација незадржливо се одвиваат и ги опфаќаат сите сфери од нашето секојдневно живеење од политиката, економијата, културата, спортот, забавата и рекреацијата, па сè до онаа секојдневна обичнa, лична комуникација. Односно, станува збор за процеси во кои е вклучен и човекот како поединец и државните институции, економските субјекти и, секако, меѓународните организации. Основна алатка во овие процеси на глобализација се новите технологии на комуникација, а пред сè интернетот. Зарем не е зачудувачки кога седите дома и комуницирате преку интернет со своите пријатели или роднини кои живеат на другата страна од светот. Зарем не е придобивка кога доаѓате во канцеларија и на мониторот имате информации за сите можни случувања и настани или, пак, гледате дека цената на вашиот производ расте или паѓа на светскиот пазар и имате можност во истиот момент да реагирате соодветно



Понеделник, 13 септември 2010 година

Четириесет и втора седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната Четириесет и втора седница, како матично работно тело во прво читање го разгледа Предлогот на закон за безбедност на храната на животни



Понеделник, 13 септември 2010 година

Седумдесет и петта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Седумдесет и петтата седница, одржана на 6 септември 2010 година, како матично работно тело ги разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за платниот промет (во прво читање), Финансискиот извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2009 година, Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2009 година и Годишниот извештај за состојбата и движењата на осигурителниот пазар во Република Македонија во 2009 година



Петок, 10 септември 2010 година

Средба на претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г. Џеват Адеми, со претставници на германската непрофитна организација Кристијан Шварц-Шилинг

Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г. Џеват Адеми, на 6 септември 2010 година, на барање на претставници на германската непрофитна организација Кристијан Шварц-Шилинг, а кои непосредно работат на ЦССП проектот за Македонија, оствари средба на која се разговараше за работата на Комитетот за односи меѓу заедниците и неговата улога во остварување на правата на заедниците во Република Македонија



Среда, 8 септември 2010 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на Свечена академија по повод 8 септември - Ден на независноста на Република Македонија

Денес кога одбележуваме 19 година од овој историски настан сакам уште еднаш да изразам благодарност и восхит до граѓаните на Република Македонија кои во едно турбулентно време на распаѓање на некогашната СФРЈ излегоа на референдум и со огромно мнозинство ја потврдија идејата, стремежите и определбите на сите оние претходни генерации втемелени во двата Илиндена, а тоа е самостојна и независна Република Македонија како држава на македонскиот народ и на сите нејзини граѓани.



Вторник, 7 септември 2010 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на прием по повод 8 септември - ден на независноста на Република Македонија

Осми септември заедно со двата Илиндена секако се оние историски датуми врз кои ја живееме сегашноста и ја градиме иднината. Денеска, кога ја одбележуваме 19-годишнината од овој историски настан сакам уште еднаш да изразам благодарност и восхит до граѓаните на Република Македонија, кои, во едно турбулентно време на распаѓање на некогашната СФРЈ, излегоа на референдум и со огромно мнозинство ја потврдија идејата, стремежите и определбите на сите оние претходни генерации втемелени во двата Илиндена, а тоа е самостојна и независна Република Македонија, како држава на македонскиот народ и на сите нејзини граѓани.



Вторник, 7 септември 2010 година

Седумдесет и шеста седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на денешната Седумдесет и шеста седница, како матично работно тело го претресе Амандманот на членот 5 за додавање на нов став 2 по ставот 1 поднесен од пратеникот Флора Кадриу по Предлогот на законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за Проектот за подобрување на железничката пруга на Коридор 10 (второ читање).



Вторник, 7 септември 2010 година

Прво годишно обраќање на претседателот на Еврокомисијата

Претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо, го имаше првото годишно обраќање пред Европскиот парламент во Стразбур, во кое главниот акцент го стави на европската економија



Петок, 3 септември, 2010 година

ЈАВНА РАСПРАВА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

Националниот совет за евроинтеграции денеска организираше Jавна расправа по Предлог-законот за заштита на конкуренцијата и Предлог-законот за државната помош, закони кои произлегуваат од Националната програма за усвојување на правото на Европската унија.



Петок, 3 септември 2010 година

Четириесет и шеста седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на 2 септември 2010 година, ја одржа својата Четириесет и шеста седница



Среда, 1 септември 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со Н.Е. Гурол Сокмен Суер, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Турција во Република Македонија

На средбата, претседателот Вељаноски ја нагласи досегашната успешна соработка со претходниот амбасадор на Република Турција и изрази надеж дека и со новиот амбасадор ќе продолжи овој континуитет, како и воопшто севкупната пријателска соработка меѓу двете земји која е на високо ниво во изминатиот период.

Click