Петок, 21 мај 2010 година

Обраќање на претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски на седницата на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на Совет на Европа

Пред 20 години на знамето на Советот на Европа светеа само 12 ѕвезди, а денес има 47 држави-членки со над 830 милиони Европејци, односно се оствари познатата мисла на големиот државник и Европеец Винстон Черчил - "Нека биде создадена Европа" изречена во далечната 1946 година. Пред 20 години поимите човекови права и слободи, парламентарна демократија, пазарна економија беа табу-теми за сите нас кои бевме од онаа страна на железната завеса, односно беа само фасада за покривање на еднопартсиките системи



Петок, 21 мај 2010 година

ОБРАЌАЊЕ НА Г. МЕВЛУТ ЧАВУШОГЛУ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРЛАМЕНТАРНОТО СОБРАНИЕ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА НА СЕДНИЦАТА НА ПОСТОЈАНИОТ КОМИТЕТ

Пред сѐ би сакал да му заблагодарам на парламентот, особено на претседателот, за тоа што е домаќин на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Скопје. Министре Милошоски, вашето претседателство со Комитетот на министри само што започна и веќе имаме можност да работиме заедно. Го поздравувам вашето присуство затоа што тоа е знак дека имате волја понатаму да ја зајакнете соработката со Парламентарното собрание и за тоа ви благодарам. Од наша страна, подготвени сме да дадеме целосна поддршка за вашето претседателство и во очекување сме да ве пречекаме во нашиот Хемицил во текот на полу-сесијата во јуни



Петок, 21 мај 2010 година

ОБРАЌАЊЕ НА АНТОНИО МИЛОШОСКИ, МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА СЕСИЈА НА ПОСТОЈАНИОТ КОМИТЕТ НА ПАРЛАМЕНТАРНО СОБРАНИЕ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА

Ми причинува големо задоволство да ви посакам добредојде во Скопје и да му се обратам на овој почитуван форум во својство на претседавач на Комитетот на министри на Советот на Европа. Претседавањето со најстарата политичка организација во Европа претставува голем предизвик за мене лично и за мојата земја. Постојат многу причини зошто е тоа предизвик, но јас нема да се осврнам на некои од нив кои се очигледни, но истовремено и единствени. Наместо тоа ќе се концентрирам на прашањата од интерес за организацијата



Среда, 19 мај 2010 година

Состаноци на Претседателскиот комитет, Бирото и Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на Совет на Европа (ПС на СЕ) во Скопје

Во рамките на шестмесечното македонско претседателство со Советот на Европа во 2010 година, на 20 и 21 мај 2010 година, во Собранието на Република Македонија, Скопје, ќе се одржат состаноците на Претседателскиот комитет, Бирото и Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на Совет на Европа (ПС на СЕ)



Обраќања на претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски, г. Мевлут Чавушоглу, претседател на Парламентарното собрание на Совет на Европа и Антонио Милошоски, министер за надворешни работи на седницата на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на Совет на Европа, Скопје, Република Македонија 20-21 мај 2010 година



Состаноци на Претседателскиот комитет, Бирото и Постојаниот Комитет на Парламентарното собрание на Совет на Европа (ПС на СЕ) во Скопје, Република Македонија, 20 - 21 мај 2010 година  повеќе



Мевлут Чавушоглу

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРЛАМЕНТАРНОТО СОБРАНИЕ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА(PACE)



ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА



Антонио Милошоски

МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 
 
 




ПРЕДЛОГ-ПРОГРАМА за  состаноци на Претседателскиот комитет, Бирото и Постојаниот Комитет на Парламентарното собрание на Совет на Европа (ПС на СЕ) во Скопје, Република Македонија

Скопје, 20 - 21 мај 2010 година

                                                             

Четврток,  20 мај 2010 година

11,00-12,50 ч.
Состанок на Претседателскиот комитет на ПС на СЕ

затворен за информативни медиуми

(Сала на Уставна комисија)

15,00-19,00 ч.

Состанок на Бирото на ПС на СЕ

затворен за информативни медиуми

(Кристална сала)


Петок,  21 мај 2010 година

09,00-12,30 ч.
Седница на Постојаниот комитет на ПС на СЕ

отворена за информативни медиуми

(Кристална сала)

-       Отворање на Седницата од г. Мевљут Чавушоглу, претседател на ПС на СЕ;

-       Поздравно обраќање на г. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија;

-       Размена на мислења со министерот за надворешни работи на Република Македонија г. Антонио Милошоски, претседавач со Комитетот на министрите на Советот на Европа;

-       Работа според Дневниот ред на Седницата

затворена за информативни медиуми

14,15-16,30 ч.
Продолжување со работа на Постојаниот комитет на ПС на СЕ

затворена за информативни медиуми




ПРЕДЛОГ- ПРОГРАМА за г. Мевлут Чавушоглу, претседател на Парламентарното собрание на Совет на Европа (ПС на СЕ) во Скопје, Република Македонија

Скопје, 19-22 мај 2010 година

Четврток,  20 мај 2010 година

10,20-10,50 ч.
Средба со г. Антонио Милошоски, министер за надворешни работи на Република Македонија и претседавач со Комитетот на министрите на Советот на Европа 

Присутни:

-       г. Александар Николоски;


11,00-12,50 ч.
 Состанок на Претседателскиот комитет на ПС на СЕ

(Сала на Уставна комисија)

14,00-14,30 ч.
 Средба со г. Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија

(Кабинет на претседателот на Владата на Република Македонија)

Присутни:

-       г. Александар Николоски;

15,00-19,00 ч.
Состанок на Бирото на ПС на СЕ

Петок,  21 мај 2010 година

09,00-12,30 ч.
Седница на Постојаниот комитет на ПС на СЕ

(Кристална сала)

-       Отворање на Седницата од г. Мевљут Чавушоглу, претседател на ПС на СЕ;

-       Поздравно обраќање на Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија;

-       Размена на мислења со министерот за надворешни работи на Република Македонија  г. Антонио Милошоски, претседавач со Комитетот на министрите на Советот на Европа;

-       Работа според Дневниот ред

10,30-10,50 ч.

Средба со г. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија

(Сала Длаборез)

Присутни:

-       г. Александар Николоски;

-       г. Марјан Маџовски, шеф на Кабинет на претседателот;

-       г-ѓа Елена Доцевска, советник во Кабинетот на претседателот;

-       г-ѓа Светлана Анѓеловска, преведувач

10,50-11,10 ч.
Изјави за медиуми на г. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија и г. Мевлут Чавушоглу, претседател на ПС на СЕ

(Хол на портрети)

11,10 часот
Приклучување на г. Мевлут Чавушоглу, претседател на ПС на СЕ на работата на Постојаниот комитет на ПС на СЕ
(Кристална сала)

12,00-12,30 ч.
Средба со д-р Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија
(Кабинет на претседателот)

Присутни:

-       г. Александар Николоски;

-       г. Иле Масалковски, заменик-генерален секретар на Кабинетот на претседателот на Република Македонија;

-       г. Дарко Костадиновски, државен советник за надворешна политика;


14,15-16,30 ч.
Продолжување со работа на Постојаниот комитет на ПС на СЕ



СОВЕТ НА ЕВРОПА/СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПС НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА/МОНИТОРИНГ ПОСТАПКА
(кратки информации)


Скопје, мај 2010

Советот на Европа е меѓувладина организација формирана на 5 мај 1949 година од 10 земји (Белгија, Данска, Франција, Ирска, Италија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Шведска, Велика Британија), на која и' се приклучуваат Грција и Турција во август истата година, а денес има 47 земји членки: Исланд и Германија (1950), Австрија (1956), Кипар (1961), Швајцарија (1963), Малта (1965), Португалија (1976), Шпанија (1977), Лихтенштајн (1978), Сан Марино (1988), Финска (1989), Унгарија (1990), Полска (1991), Бугарија (1992), Естонија, Литванија, Словенија, Чешката Република, Словачка, Романија (1993), Андора (1995), Летонија, Албанија, Молдавија, Украина, Република Македонија (1995), Русија и Хрватска (1996), Грузија (1999), Азербејџан и Ерменија (2001) и Босна и Херцеговина (2002), Србија (2003), Монако (2004), Црна Гора (2007).  

САД, Канада, Јапонија, Израел и Мексико имаат статус на набљудувачи.

Седиштето на Советот на Европа е во Стразбург, Франција.

Цели

Основните цели на Советот на Европа се:

  • заштита на човековите права, плуралистичка демократија и владеење на правото;
  • унапредување на свеста и охрабрување на развојот на европскиот културен идентитет и разновидност;
  • барање на решенијата за проблемите со кои се соочува европското општество (ксенофобија, нетолеранција, заштита на човековата околина, клонирањето, сидата, дрогите и наркоманијата, организираниот криминал, и сл.)
  • помагање на консолидацијата на демократската стабилност во Европа преку политички, законодавни и уставни промени. 

Основни документи 

  • Статут на Советот на Европа
  • Европска Конвенција за човекови права
  • Општа Спогодба за привилегиите и имунитетите на Советот на Европа и на Дополнителниот Протокол кон Општата Спогодба за привилегиите и имунитетите на Советот на Европа
  • Деловник на Парламентарното Собрание на Советот на Европа

    Советот на Европа има донесено 209 договори, кои се отворени за пристапување, односно ратификување од страна на земјите-членки. 

Органи

Комитет на министрите

Тоа е орган кој донесува одлуки и во кој се претставени министрите за надворешни работи на земјите-членки или нивните постојани дипломатски претставници при Советот на Европа.  Тоа истовремено е и владино тело каде националните приоди во решавањето на проблемите со кои се соочува европското општество се дискутираат на рамноправна основа, и колективен форум каде се формулираат европските одговори на овие предизвици. 

Министрите за надворешни работи се состануваат два пати годишно за да ги разгледаат политичките прашања на европската соработка, додека нивните заменици (кои по правило се постојаните владини претставници -шефови на мисиите акредитирани при Советот на Европа) се состануваат два пати месечно.

Одлуките на Комитетот на министрите се испраќаат до владите во форма на препораки, или се инкорпорирани во Европските конвенции и спогодби кои се правно-обврзувачки за земјите кои ги ратификувале.  Комитетот исто така  усвојува и декларации и резолуции за важни и актуелни политички прашања.

Конвенциите и препораките ги подготвуваат владини екперти, а многу од политичките иницијативи се донесуваат на редовните специјализирани министерски конференции. 

Комитетот на министрите се грижи и за имплементацијата на конвенциите и препораките. На пр. според Европската Конвенција за човекови права Комитетот е дел од машинеријата за супервизија за нејзиното спроведување во практиката во земјите кои ја ратификувале, потоа за нејзиното усогласување со домашното законодавство и однесувањето на земјите кон одлуките донесени од Европскиот суд за човекови права.

Парламентарно собрание

Тоа е парламентарен форум на Советот на Европа каде се расправаат  проблемите со кои се соочува европското општество и има советодавна функција во однос на Комитетот на министрите. Во него членуваат 636 членови (318 постојани  членови и 318 заменици) од 47 земји; зависно од големината на популацијата, секоја земја може да делегира од 2 до 18 членови. Тоа е најстарото парламентарно собрание креирано на европската почва. Неговата активност е фокусирана на прашања од тековна политичка важност, вклучувајќи ги и проблемите на модерното општество и аспекти на меѓународната политика.  

Собранието има пет политички групи: Социјалистичка група; Народни европски партии; Европска демократска група; Либерална, демократска и реформаторска група и Група на обединетата левица. Вообичаено членовите се групираат во овие партиски групи според нивната партиска припадност во своите земји, но некои членови избираат да не бидат членови на ниедна политичка група. Собранието заседава четири пати годишно (јануари, април јуни и септември), на јавни седници кои траат една работна седмица.

Собранието избира претседател, кој заедно со потпретседателите и шефовите на политичките групи го сочинуваат Бирото на Собранието.

Собранието исто така го избира и Генералниот секретар на Советот на Европа и неговиот заменик, Генералниот секретар на Парламентарното собрание на Советот на Европа и судиите на Европскиот суд за човекови права.

Постојаниот комитет, кој помеѓу две редовни сесии делува во име на ПС на СЕ, се состои од претседателот на ПС на СЕ, потпретседателите на Собранието, шефовите на партиските, шефовите на националните делегации и претседателите на комисиите.  

Тела на ПС на СЕ

Биро на Собранието;

Претседателски комитет;

Проширен заеднички комитет (Joint committee);

Комисија за политички прашања;

Комисија за правни прашања и човекови права;

Комисија за економски прашања и развој;

Комисија за социјални, здравствени и семејни прашања;

Комисија за миграција, бегалци и население;

Комисија за култура, наука и образование;

Комисија за екологија, земјоделие, локални и регионални прашања;

Комисија за еднакви можности меѓу жените и мажите;

Комисија за почитување на обврските и заложбите на земјите-членки (Мониторинг Комисија) и

Комисија за деловник, имунитети и институционали прашања. 

Конгрес на локални и регионални власти (КЛРВ)

КЛРВ е консултативно тело на Советот на Европа во кое се претставени локалните и регионалните власти во Европа. Формиран во 1994 година од страна на Комитетот на министрите, со својата работа всушност ја замени Постојаната Конференција на локални и регионални власти. Според моделот на ПС на СЕ, Конгресот брои 318 постојани членови и исто толкав број на заменици избрани од локалните и регионалните власти. 

Основната цел на КЛРВ е да овозможи учество на локалните и регионалните власти во процесот на европското единство и во работата на Советот на Европа. Една од основните задачи е да ја промовира локалната и регионалната демократија и да ги зајакне меѓу-граничната и меѓу-регионалната соработка во поширока Европа.

КЛРВ ја анализира имплементацијата на принципите за локална демократија зацртани во Европската Повелба за локалната самоуправа и  се занимава со сите прашања од политиката кои се афектираат на овие власти, како што се развојот на селото и градот, заштита на човековата околина, културата, образованието, општествените дејности/служби и здравството.


Собранието на Република Македонија

во Парламентарното собрание на Советот на Европа

Република Македонија, односно Собранието на Република Македонија се примени во полноправно членство на Советот на Европа и Парламентарното собрание на 9 ноември 1995 година. Во периодот од 1993 година до стекнувањето на полноправното членство Собранието на Република Македонија имаше статус на "специјален гостин" во Парламентарното собрание на Советот на Европа. Во првиот период, Собранието на Република Македонија беше претставувано од делегација составена од шеф и два члена, а со здобивањето на Република Македонија на статус на земја-членка, Собранието беше претставувано од шеф, два члена и тројца заменици-членови на делегацијата (Прилог: Преглед на делегациите на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа).

Во 1996 година за Република Македонија беше отворена мониторинг процедура, при која, како и за секоја новопримена земја-членка, од страна на Мониторинг комисијата беше разгледувано почитувањето на обврските и заложбите преземени при приемот. Во тој контекст беше разгледувана состојбата на планот на донесувањето на поважните системски закони (Кривичен закон, граѓански закон, за судови, за јавен обвинител, за локална самоуправа, за високо образование, за државјанство, за медиуми, против корупција); интеграцијата на малцинствата согласно Рамковната конвенција за заштита на малцинствата; заштитата и унапредувањето на човековите права во согласност со одредбите на Европската конвенција за заштита на човековите права и легислатива за осигурување на независно и ефикасно судство. По четиригодишен период на мониторинг, во април 2000 година Парламентарното собрание на Советот на Европа донесе Резолуција 1213(2000) и Препорака 1453(2000) за затворање на мониторинг процедурата кон Република Македонија.

Во голем број резолуции и препораки ПС на СЕ се согласило да ја затвори мониторинг постапката, бидејќи засегнатите држави направиле значителен напредок во почитувањето на обврските и заложбите и покажале определеност за нивното продолжување. Но, Соб¬ранието истовремено, во овие резолуции и пре¬пораки (во функција на сти¬му¬лирање и помош), најчесто препорачува да се пре¬земаат натамошни чекори и во форма на дијалог да се продолжи со сле¬дење на засегнатите држави.За таа цел во 2000 година ПС на СЕ воведе посебна процедура за постмониторинг дијалог. Со оваа процедура, една година по затворање на мониторинг постапката отпочнува дискусија за продолжителна активност според резолуциите и препораките за затво¬рање на постапката или за било кои други прашања, што произлегуваат од обврските на државата. Дијалогот се засновува на оцените за ситуацијата направена од страна на претседателот на Мониторинг комиси¬јата, во соработка со засегнатата национална парламентарна делегација, која се презентира во Меморандум на претседателот, за кој се расправа на седницата на Мониторинг комисијата.

Ваквиот дијалог не се смета за мониторинг постапка регулирана во Резолуцијата 1115 (1997), по која се дебатира и одлучува на пленарна сесија, туку како одделен специфичен процес спроведен од страна на Мониторинг комисијата од име на Собранието за кој се известува Бирото на ПС на СЕ.

Во Мониторинг комисијата и во ПС на СЕ постојано се разгледуваат можностите за надгра¬дување и унапредување на мониторинг процедурата. Со промените од 2006 година востановена е листа на критериуми за затворање на мониторинг процедурата. Според неа освен претходно утврдените специфични барања за одделни земји, се бара да бидата исполнети и најмалку три кумулативни барања:

- по остварените фер и демократски избори, политичката ситуација во земјата треба да биде доволно стабилна да обезбеди достижни и неповратни реформи, а усвоените реформи треба да бидат соодветно имплементирани;

- во случаи на земјите кои ја немаат полната сувереност на незината територија, земјите кои се делумно или целосно под меѓународна управа, земјите кои се во војна со соседите или предизвикуваат сериозни етнички и/или сепаратистички тензии, нивните власти треба да покажат во пракса заложби за затворање на таквите конфликти со мирољубиви сретства и во интерес на населението кое е засегнато;

- сите конвенции на СЕ кои се вклучени како обврска при приемот мора да бидат ратификувани.

Особено е значајна измената со која е надмината критиката за "двојните стандарди" и е истакната еднаквоста кон обврските за сите членки на СЕ.  Воведен е периодичен тригодишен извештај за  земјите кои не се наѓаат под мониторинг процедурата и не се вклучени во постмониторинг дијалогот. Таков извештај е базиран на следењето на прифаќањето и иплементацијата на резолуциите, препораките и конвенциите на телата и инститиуциите на СЕ. Во извештајот се презентира  исполнувањето на обврските во рамките на СЕ сврзани со плуралистичката демократија, владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, заштитата на човековите права, а се укажува и  на конвенциите на СЕ кои се' уште не се потпишани или ратификувани.

Значењето на мониторинг процесот е истакната и во Финалниот документ од Третиот самит на СЕ во Варшава, како и во Извештај на поранешниот премиер на Луксембург Жан-Клод Јункер за односите меѓу СЕ и ЕУ. Во нив се укажува на потребата за координиран пристап во мониторинг механизмите како во СЕ (ПС и неговите комисии, Комитетот на министри, Конгресот на локалните и регионални власти, Венецијанскат комисија), така и со ЕУ и другите меѓународни организации. Децидно е нагласена потребата за востановување на поблиска соработка, консултација и координација на активностите во рамките на проширувањето на ЕУ и европската политика на непосредно соседство. Исполнувањето на обврските и заложбите кон СЕ се сметаат како битен елемент за унапредување, забрзување и остварување на аспирациите за натамошно евроинтегрирање на  одделните земји.

Мониторинг процедурата  се смета за силна алатка на СЕ  за целосно извршување на обврските на земјите членки во однос на Статутот на организацијата, Европската конвенција за човекови права и основни слободи и сите конвенции на СЕ, кон кои државата пристапила,  како и кон специфичните обврски преземени при приемот за членство. На седницата на Постојаниот комитет на 12 март 2010 во Париз усвоени се Резолуцијата  1710(2010) за мандатот на известителите на Мониторинг комисијата со која се вршат промени во мониторинг процедурата и во постмониторинг дијалогот и се кодифицираат критериумите за именување на известителите.  Постмониторинг дијалог, во кој во моментот е Република Македонија, како и Бугарија и Турција, треба да го поддржи прогресот кон демократијата и почитувањето на човековите права и владеењето на правото, како и целосното исполнување на неизвршените специфични обврски преземени при приемот. Претходната процедура за финализација на постмониторинг дијалогот опфаќаше  извештај на претседателот или потпретседателот на Мониторинг комисијата со кој се предлага затворање на дијалогот. По прифаќање  од Бирото тоа беше дел на извештајот за активностите меѓу двете сесии на Постојаното собрание и притоа немало посебна резолуција која би била разгледувана и усвојувана на пленарната сесија.

Од над 209 договори на Советот на Европа, Република Македонија до 14 мај 2010 година има потпишано и ратификувано 86 договори. (Споредбено, со непосредните соседи: Грција (93), Бугарија (79), Албанија (72) и Србија (68)). Ова е индикатор за посветеноста на Република Македонија кон исполнувањето на обврските и задолженијата при приемот и е јасен сигнал за финализација на мониторинг постапката.  Притоа, треба да се има предвид дека обврските преземени при приемот на Република Македонија во СЕ во голема мера се остварени во целост или надминати.

ПРЕГЛЕД

 НА ДЕЛЕГАЦИИ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 ВО ПАРЛАМЕНТАРНОТО СОБРАНИЕ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА

               

Мандатен период

 

Членови на делегацијата

Заменици-членови на делегацијата

1993-1995

 

Собранието на Република Македонија се стекна со статус на специјален гостин во Парламентарното собрание на Советот на Европа во м.јуни 1993 година, а тој статус траеше до м.септември 1995 година.

 

 

 

 

Никола Поповски (СДСМ), Шеф на делегацијата;

 Ламбе Арнаудов (ВМРО-ДПМНЕ);

 Мухамед Халили  (ПДП)

(од јуни 1993 г. до

изборите во 1994 г.)

 

 

1995-1998

 

Во полноправно членство на Советот на Европа Република Македонија е примена  на 9 ноември 1995 година.

 

 

 

Никола Поповски (СДСМ), шеф;

Марјан Котлар (ЛП);

Сами Ибраими (ПДП)

Во 1997 година Сами Ибраими беше заменет со Мевљан Таири (до 1998 година).

 

Атанас Вангелов (СДСМ);

 Мирко Трипуноски (СП);

Абдурауф Пруси (ПДП)

 

 

 

1998-2002

 

 

 

д-р Данило Глигороски (ВМРО-ДПМНЕ), шеф;  Никола Поповски (СДСМ) и

Арбен Џафери (ДПА).

 Во 2002 година Арбен Џафери, беше заменет со Демуш Бајрами.

 

Ѓулистана Марковска (ВМРО-ДПМНЕ);

Наталија Марковиќ Димова (ДА, одн. НД);

 Азис Положани (ПДП, одн.ДУИ)

 

 

 

2003-2004

 

 

 

 

 

 

 

д-р Елеонора Петрова-Митевска (СДСМ), шеф; Теута Арифи (ДУИ);  Стојан Андов (ЛП).

 

Андреј Жерновски (ЛДП);

Ганка Самоиловска-Цветанова (ВМРО-ДПМНЕ;

Џевдет Насуфи (ДПА).

2005

д-р Елеонора Петрова-Митевска (СДСМ), шеф- до мај 2005г.; а потоа

Игор Ивановски (СДСМ);

Рафис Алити (ДУИ) и

Зоран Крстевски (ЛП).

Андреј Жерновски (ЛДП);

Ганка Самоиловска-Цветанова (ВМРО-ДПМНЕ;

Џевдет Насуфи (ДПА).

2006-2008

Оливер Шамбевски (ВМРО-ДПМНЕ), шеф;

Ружди Матоши (ДПА), член

Илинка Митрева (СДСМ),член

Благој Зашов (НСДП);

Азиз Положани (ДУИ);

Андреј Жерновски (ЛДП);

2008- 2010

Оливер Шамбевски (ВМРО-ДПМНЕ), шеф - до ноември 2009; а потоа

Александар Николоски, (ВМРО-ДПМНЕ);

Игор Ивановски (СДСМ), член;

Ермира Мехмети Деваја (ДУИ), член.

Зоран Петрески (ВМРО-ДПМНЕ);

Флора Кадриу (НД);

Андреј Жерновски (ЛДП).

 

Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа


Делегацијата во Парламентарното собрание на Советот на Европа се состои од шеф на Делегацијата, двајца члена и тројца заменици членови на Делегацијата. Акредитивите на членовите и замениците членови на Делегацијата во Парламентарното собрание на Советот на Европа ги издава претседателот на Собранието на Република Македонија, најдоцна седум дена пред отпочнувањето на редовното годишно заседание на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Шеф на делегацијаАЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ

                      Членови: ЕРМИРА МЕХМЕТИ 
                                         ИГОР ИВАНОВСКИ
 
   Заменици членови: ЗОРАН ПЕТРЕСКИ 
                                         АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ 
                                         ФЛОРА КАДРИУ

Советот на Европа е меѓувладина организација формирана на 5 мај 1949 година од 10 земји, а денес има 47 земји членки. Основните цели на Советот на Европа се:

• заштита на човековите права, плуралистичка демократија и владеење на правото;

• унапредување на свеста и охрабрување на развојот на европскиот културен идентитет и разновидност;

• барање на решенијата за проблемите со кои се соочува европското општество(ксенофобија, нетолеранција, заштита на човековата околина, клонирањето, сидата, дрогите и наркоманијата, организираниот крими-нал и сл.) и

• помагање на консолидацијата на демократската стабилност во Европа преку политички, законодавни и уставни промени.

Парламентарното собрание на Севетот на Европа е парламентарен форум на Советот на Европа, каде се расправаат проблемите со кои се соочува европското општество и има советодавна функција во однос на Комитетот на министрите. Тоа е најстарото парламентарно собрание креирано на европската почва. Неговата активност е фокусирана на прашања од тековната политичка важност, вклучувајќи ги и проблемите на модерното општество и аспекти на меѓународната политика. Со цел да доминираат европски а не национални интереси Собранието има пет политички групи: Група на европски народни партии, Социјалистичка група, Европска демократска група, Алијанса на либерали и демократи и Групата на обединетата европска левица. 

Вообичаено членовите се групираат во овие партиски групи според нивната партиска припадност во своите земји, но некои членови избираат да не бидат членови на ниедна политичка група. Собранието заседава четири пати годишно (јануари, април, јуни и октомври), на јавни седници кои траат една работна седмица.

 





Click