СРЕДА, 21.1.2009 год.11,00 часот, Сала 1
ЧЕТИРИЕСЕТ И ЧЕТВРТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Предлог на дневен ред:
Предлог на закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Република Македонија и Чешката Република за размена и заемна заштита на класифицрани информации;
Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Молдова за реадмисија на лица со недозволен престој;
3. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за преземање на лица со незаконски престој;
Предлог на закон за ратификација на Протоколот за изменување на Договорот меѓу македонската Влада и романската Влада за поттикнување и заемна заштита на инвестициите потпишан во Букурешт на 12 јуни 2000 година;
5. Предлог на закон за индустриска сопственост; - I читање
Предлог назакон за изменување и дополнување на Закон за јавни патишта; - I читање
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:
1. Барање за давање автентично толкување на член 11 став 3, а во врска со членовите 18 и 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување, поднесено од пратеникот Миле Пачемски;
2. Барање за давање автентично толкување на член 13 став 2 од Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, поднесено од пратеникот Надица Танчева Тулиева;
3. Барање за давање автентично толкување на член 41 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градење, поднесено од градоначалникот на општина Кичево.