ВТОРНИК, 27.1.2009 год.11,00 часот, Сала 1
ЧЕТИРИЕСЕТ И ШЕСТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Предлог на дневен ред:1. Предлог на одлука за испраќање на единица на Армијата на Република Македонија - медицински тим за учество во мировна операција во Авганистан;
2. Предлог на одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција на Европската унија во Босна и Херцеговина, ЕУФОР, АЛТЕА;
3. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за соработка во борбата против тероризмот, организираниот криминал, недозволената трговија со наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, илегална миграција и останати кривични дела;
4. Предлог на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Хрватска за размена и заемна заштита на класифицирани информации;
5. Предлог на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Словачка Република за заемна заштита на класифицирани информации;
6. Предлог на закон за изменување на Законот за заштита на правата на пациентите - II читање;
7. Предлог на закон за изменување на Законот за цивилни инвалиди од војната - II читање;
8. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност - II читање;
9. Предлог на закон за ловството - I читање;
10.Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавното претпријатие Македонска радиодифузија - I читање;
11.Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба - I читање;
12. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за правата на претседателот на Република Македонија и неговото семејство по престанување на функцијата - I читање. (Пратеникот го повлече Предлогот на законот)
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:
1. Предлог на закон за инвестициски фондови, II - читање;
2. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за помилување, II - читање;
3. Барање за давање на автентично толкување на член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за општата управна постапка, поднесено од пратеникот Тито Петковски;
4. Предлог на автентично толкување на членот 9 точка 3 од Законот за денационализација.