66. седница на Комисијата за финансирање и буџет 31.5.13...



Петок, 31 мај 2013 година

Шеесет и шеста седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Шеесет и шестата седница, одржана денеска, како матично работно тело, по скратена постапка, ги разгледа

Прочитај повеќе

Поддршка од Естонија за евроинтегративниот пат на Македониј...



Среда, 29 мај 2013 година

Поддршка од Естонија за евроинтегративниот пат на Македонија

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентите на балтичките земји, г-ѓа Лилјана Поповска и членовите на Групата, г-ѓа Дешира Имери и г. Емилијан Станковиќ, остварија средба со Делегација на Комисијата за европски прашања на Естонскиот парламент

Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски додели благодарници...



Петок, 14 јуни 2013 година

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ НА СТРУЧНАТА СЛУЖБА НА СОБРАНИЕТО

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски на пригодна свеченост им додели благодарници на службениците кои учествуваа во организирањето на Конференцијата на претседатели на парламенти на ПСЈИЕ, која се одржа во Охрид, 27-28 мај 2013 година

Прочитај повеќе

СПЕЦИЈАЛНО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МПК 14,6,13...

Петок, 14 јуни 2013 година

СПЕЦИЈАЛНО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МПК

Специјалното издание на Билтенот на МПК е посветено на одржувањето на Конференцијата на претседатели на Парламентите на земјите членки во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, во рамките на Македонското претседателство со процесот, која од страна на Собранието на Република Македонија беше организирана во Охрид, Република Македонија.

Прочитај повеќе

МАЈСКО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МПК 14,6,13...

Петок, 14 јуни 2013 година

МАЈСКО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МПК

Актуелното издание на а Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и Европската унија (МПК – РМ и ЕУ) дава преглед на бројните евроинтегративните активности на Собранието на Република Македонија во мај 2013 година, кога се одржа и 11-тиот Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и Европската унија во Европскиот парламент во Стразбур.

Прочитај повеќе

Пленарна седница на европскиот законодавен дом 10.6.13...



Понеделник, 10 јуни 2013 година

Пленарна седница на европскиот законодавен дом

Европскиот парламент, од 10 до 13 јуни, во Стразбур, ќе одржи пленарна седница, на која, меѓу другото, ќе се гласа за одредени шенген реформи во врска со нелегалните гранични проверки. Исто така, ќе се гласа за воведување на заеднички европски систем за справување со азилот, со оглед на бројката од 330.000 баратели на азил, кои биле регистрирани во земјите од Европската унија во 2012 година

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на средба со г. Жан Клод Мињон 10,6,1...



Понеделник, 10 јуни 2013 година

Собраниска делегација оствари средба со г. Жан Клод Мињон, претседател на Парламентарното Собрание на Совет на Европа

Координаторите и заменик-координаторите на пратеничките групи во Собранието на Република Македонија и Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, остварија средба со г. Жан Клод Мињон, претседател на Парламентарното собрание на Совет на Европа (ПС на СЕ).

Прочитај повеќе

Вељаноски - завршна прес-конференција ПСЈИЕ...



Вторник, 28 мај 2013 година, Охрид

Завршна прес-конференција на претседателот Вељаноски на 10. Конференција на претседателите на парламентите на ПСЈИЕ - заклучни констатации

Согласно со определбата декларираните намери од претходните конференции да ги реализираме во пракса, оваа Конференција е конференција на континуитет на сегашното, претходното и идното претседателство со регионалната парламентарна соработка. Така и сме застапени на денешната прес-конференција и до мене се колегите - претседателот на Народното собрание на Србија г. Небојша Стефановиќ, претседателот на Претставничкиот дом на Романија г. Валериу Стефан Згонеа и потпретседателот на Сенатот на Романија г. Флорин Константинеску. Реафирмирањето на функцијата на Тројката е од посебно значење во сегашната фаза на трансформација и институционализација на регионалната парламентарна соработка. Таа треба да овозможи во подолг период да бидеме сконцентрирани на заеднички усогласени определби.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со г. Жан Клод Мињон...



Понеделник, 10 јуни 2013 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ПАРЛАМЕНТАРНОТО СОБРАНИЕ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА, Г. ЖАН КЛОД МИЊОН

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, изразувајќи задоволство од посетата на Република Македонија и од средбата, истакна дека испoлнувањето на обврските и заложбите кон Советот на Европа се од суштинско значење за создавањето на демократското општество. Притоа, препораките на Советот на Европа за Република Македонија, секогаш претставуваат израз на поддршката за понатамошен демократски развој и на овие препораки Република Македонија секогаш посветува големо внимание.

Прочитај повеќе

Работен состанок на Клубот на пратенички, 7.6.2013...



Петок, 7 јуни 2013 година

Работен состанок на Клубот на пратенички

На состанокот покрај членовите на Клубот на пратенички присуствуваа министерот за здравство, Никола Тодоров, претседателот на Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија, Менде Диневски, претставници на следниве невладини организации: Македонско женско лоби, Х.Е.Р.А., Националниот совет за родова рамноправност СОЖМ, Акција Здруженска, Националната мрежа против насилство врз жената, Реактор, Антико и здружението ЕСЕ

Прочитај повеќе
1...161718...30                               
Click