Прва средба на претседателот Вељаноски со новоименуваниот а...

Среда, 14 октомври 2015 година

Прва средба на претседателот Вељаноски со новоименуваниот амбасадор на Босна и Херцеговина во Македонија, Н.Е. Лепа Бабиќ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, оствари прва средба со новоименуваниот амбасадор на Босна и Херцеговина во Република Македонија, Н.Е. Лепа Бабиќ.

Прочитај повеќе

Делегација на Собранието учествуваше на 61. сесија на ПС на...

Вторник, 13 октомври 2015 година, Ставангер, Кралството Норвешка

Делегација на Собранието учествуваше на 61. сесија на ПС на НАТО

Павле Трајанов и Горан Сугарески, членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, учествуваа во 61. сесија на ПС на НАТО, што се одржа од 9 до 12 октомври во Ставангер, Кралството Норвешка. Во постојана придружба на делегацијата беше амбасадорот на Република Македонија во НАТО, Зоран Дабиќ. 

Прочитај повеќе

Триесет и четврта седница на Комисијата за земјоделство, шу...

Вторник, 13 октомври 2015 година

Триесет и четврта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 34. Седница, одржана на 8 и 9 октомври 2015 година, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:

    Прочитај повеќе

    Обраќање на претседателот Вељаноски по повод државниот праз...

    Сабота, 10 октомври 2015 година

    Обраќање на претседателот Вељаноски по повод државниот празник 11 Октомври

    Одбележувајќи го утрешниот ден, го исполнуваме вековниот цивилизациски аманет да ги славиме делата и успесите.
    Да ги одбележуваме настаните на нацијата!
    Да си спомнуваме на нашите сограѓани, борците на Македонија!
    Да ги славиме битките и триумфите.
    Да се навраќаме на жртвите и на херојствата.
    Да простиме, но и да се сеќаваме.
    Прочитај повеќе

    Плакета од Турскиот театар за претседателот Вељаноски...

    Четврток, 8 октомври 2015 година

    Плакета од Турскиот театар за претседателот Вељаноски 

    Вечерва по повод 65-годишнината од работата на Националната установа Турски театар - Скопје, на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, му беше доделена Плакета во знак на благодарност за досегашната поддршка на Театарот.
    Прочитај повеќе

    Продлабочување на соработката меѓу Македонија и Косово во и...

    Среда, 7 октомври 2015 година

    Продлабочување на соработката меѓу Македонија и Косово во интерес на двете земји

    Потпретседателот на Собранието  на Република Македонија, г. Антонијо Милошоски, оствари средба со г-ѓа Дуда Балје, потпретседател на Косовското собрание, која е во прва официјална посета на Македонското собрание.

    Прочитај повеќе

    Заедничка седница на Комисијата за надзор над спроведувањет...

    Среда, 7 октомври 2015 година

    Заедничка седница на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и од Министерството за одбрана и Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контрараузнавање и на Агенцијата за раузнавање

    Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и од Министерството за одбрана  на втората седница и Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контрараузнавање и на Агенцијата за раузнавање на четвртата седница вчера одржаа заедничка седница 

    Прочитај повеќе

    Чешка отворена за разговори со цел решавање на проблемите с...

    Понеделник, 5 октомври 2015 година

    Чешка отворена за разговори со цел решавање на проблемите со мигрантите

    Потпретседателот на Собранието на Република Македонија и претседател на Комисијата за надворешна политика, г. Антониjо Милошоски, оствари средба со заменик-претседателот на Комисијата за надворешни работи, одбрана и безбедност на Сенатот на Парламентот на Чешката Република, г. Томаш Јирса, во придружба на амбасадорот и на конзулот на Чешката Република во Република Македонија, Н.Е. Мирослав Рамеш и г. Јосеф Брож.

    Прочитај повеќе

    Јавна расправа на тема: Годишен извештај за имплементација ...

    Среда, 30 септември 2015 година

    Јавна расправа на тема: Годишен извештај за имплементација на Стратегијата за родова еднаквост за 2014 година    

    Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија вчера одржа јавна расправа на тема:„Годишен извештај за имплементација на Стратегијата за родова еднаквост за 2014 година.“ 

    Прочитај повеќе

    Николоски на дебата за мигрантите во ПССЕ...

    Среда, 30 септември 2015 година, Стразбур

    Николоски на дебатата за мигрантите во ПССЕ: „Македонија е единствената земја која не е членка на ЕУ, а која добива мигранти од земја-членка на ЕУ"

    На Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија, г. Александар Николоски, во текот на есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која се одржува во Стразбур, Франција, му припадна честа, во својство на потпретседател, да претседава со дебатата која во текот на сесијата предизвика најголем интерес меѓу пратениците од 47 земји-членки на Организацијата, посветена на хуманитарниот и политичкиот одговор на мигрантската и бегалската криза со која се соочува Европа, предизвиците за земјите на транзит, како и итната потреба за вистински европски систем за азил.

    Прочитај повеќе
    1...202122...58                                                           
    Click