СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - УЧЕСНИК ВО ДОБРОТВОРНА...

Понеделник, 23 јули 2018 година

СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - УЧЕСНИК ВО ДОБРОТВОРНА КАМПАЊА „МАКЕДОНИЈА ТИ СИ СОНЦОЦВЕТ“

Од денеска и Собранието на Република Македонија активно се вклучи во добротворната кампања „Македонија ти си сонцоцвет“којашто има за цел да им помогне на децата хоспитализирани на Клиниката за онкологија во Државната болница „Мајка Tереза“, болни од болести на крвта, канцер и леукемија.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со еврокомесарот Хан 17.7.18...

Вторник, 17 јули 2018 година

Средба на претседателот Џафери со еврокомесарот Хан

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, се сретна со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан, со чија денешна работна посета на Република Македонија започнува скрининг процесот со Европската комисија за утврдување на нивото на усогласеност на домашното со законодавството на ЕУ. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателот на парламен...

Петок, 13 јули 2018, Варшава

Средба на претседателот Џафери со претседателот на парламентот на Чешката Република, г. Радек Вондрачек 

За време на средбата, двајцата соговорници разговараа за актуелните состојби во земјите и во регионот и заемно констатираа дека самити од ваков вид се одлична можност за зајакнување на парламентарната дипломатија, што и впрочем беше во фокусот на овој самит во Варшава.
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Претстав...

Петок, 13 јули 2018 година

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Претставничкиот дом на Малта, д-р Анџело Фаруџа

На маргините на Третиот самит на спикери на парламенти на Централна и Источна Европа, што се одржува на 12 и 13 јули во Варшава, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, оствари билатерална средба со претседателот на Претставничкиот дом на Малта, д-р Анџело Фаруџа. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Сенатот ...

Четврток, 12 јули 2018 година, Варшава

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Сенатот на Република Полска, г. Станислав Карчевски 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, на покана на своите колеги од Парламентот на Република Полска, учествува на Третиот самит на претседатели на Парламенти од Централна и Источна Европа, како и на прославата на 550 години од првата седница на Сејмот на Полска. 

Пред официјалниот почеток на Самитот, претседателот Џафери оствари средба со домаќинот, г. Станислав Карчевски, претседател на Сенатот на Република Полска и на почетокот на средбата, изрази благодарност за конзистентната полска поддршка на реформските активности на земјата како и силната и реафирмирана поддршка на евроинтеграциските процеси на Република Македонија. 
Прочитај повеќе

Доделување пофалници на вработените во Службата на Собрание...

Среда, 11 јули 2018 година

Доделување пофалници на вработените во Службата на Собранието 

Денеска, претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Талат Џафери и генералната секретарка, г-ѓа Цветанка Иванова, доделија пофалници на вработените во Службата на Собранието на Република Македонија, кои ги преземаа сите неопходни стручни, административни и технички подготовки за успешна реализација на 98-миот Рос-Рот семинар.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претставниците на бошњачк...

Среда, 11 јули 2018 година

Средба на претседателот Џафери со претставниците на бошњачката заедница

Во насока на одбележувањето на 11 Јули - Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со претставниците на политичката партија Бошњачки демократски сојуз, претставниците на бошњачките здруженија и бошњачката заедница во Република Македонија. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со потпретседателот на Нацио...

Понеделник, 9 јули 2018 година

Средба на претседателот Џафери со потпретседателот на Националниот комитет на кинескиот политички совет, г. Џанг Чингли и членовите на Делегацијата   

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, оствари средба со потпретседателот на Националниот комитет на кинескиот политички совет, г. Џанг Чингли и членовите на Делегацијата. На средбата присуствуваа и координаторите  и претставниците на политичките партии застапени во Собранието на Република Македонија.  

Посетата се реализира во година кога се одбележуваат 25 години од воспоставување на дипломатски односи меѓу двете држави и претседателот Џафери ги оцени билатералните односи како пријателски, отворени и засновани на заемно почитување. 

Прочитај повеќе

Учество на претседателот Џафери на Конференција на тема „Со...

Среда, 4 јули 2018 година, Хрватска

Учество на претседателот Џафери на Конференција на тема „Современите предизвици на Трансатлантскиот безбедносен простор" 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, на 3-ти и 4-ти јули 2018 година, учествуваше на Конференцијата организирана од страна на Атлантскиот сојуз на Хрватска и Фондацијата Ханс-Сајдел (Hanns-Seidel Stiftung) во соработка со Институтот за развој и Меѓународни односи (IRMO), на тема: "Современите предизвици на Трансатлантскиот безбедносен простор", во Шипан-Република Хрватска.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Дуда Балје...

Петок, 29 јуни 2018 година

Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Дуда Балје, претседателка на Комисијата за човекови права, родова еднаквост, исчезнати лица и петиции од Република Косово

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, оствари средба со г-ѓа Дуда Баље, претседателка на Комисијата за човекови права, родова еднаквост, исчезнати лица и петиции од Република Косово и членовите на истата комисија.

Прочитај повеќе
1...232425...40                                         
Click