Четврток, 6 септември 2018 година
Средба на претседателот Џафери со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг
Во рамките на официјалната посета на Република Македонија, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, оствари средба со претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.
На средбата присуствуваа координаторите на Пратеничките групи во Собранието, Соња Мираковска, Драган Данев, Ејуп Алими и Африм Гаши, како и претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, Хари Локвенец.