СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПОЛ ФУФЕР...

Петок, 19 јули 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПОЛ ФУФЕР, ВИСОК ПРЕТСТАВНИК НА КАНЦЕЛАРИЈАТА ЗА ЈУЖНА И ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА ВО СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ

Во рамките на Форумот за демократското партнерство на Претставничкиот дом на САД, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, заедно со потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија Фросина Ташевска Ременски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, остварија средба и со Пол Фуфер, висок претставник на канцеларијата за Јужна и Централна Европа во Стејт Департментот.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Форумот на Демократскот...

Среда, 17 јули 2019, Вашингтон

Обраќање на претседателот Џафери на Форумот на Демократското партнерство на Претставничкиот дом на Конгресот на САД

Ми претставува задоволство што овие два дена имаме можност да разговараме и да размениме знаења и искуства на теми коишто, како парламентарци верувам дека сите не засегаат, не обединуваат и најважно не мотивираат за конкретна работа и акција. 
Прочитај повеќе

Средба на потпретседателката Фросина Ташевска-Ременски со ф...

Петок, 12 јули 2019 година

Средба на потпретседателката Фросина Ташевска-Ременски со финскиот амбасадор Кимо Лахдевирта

Потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Фросина Ташевска-Ременски, оствари средба со Кимо Лахдевирта, нерезидентен амбасадор на Република Финска, со седиште во Белград. Соговорниците изразија задоволство од можноста да се сретнат и да разговараат за актуелната општествена состојба, европските перспективи и продлабочувањето на соработката меѓу двете пријателски земји.

Прочитај повеќе

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 24- Г...

Четврток, 11 јули 2019, Поточари 

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 24-ГОДИШНИНАТА ОД ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА

Да се биде денес тука, на ова тажно место, место кое одекнува со тишина која е погласна од најголемиот татнеж е болно чувство. Тагата и болката се чувствуваат во секој здив што се зема, на секој чекор што се прави на ова тло. Сепак, треба да се биде силен и да се направи достоинствен чекор, да се оддаде почит на жртвите, на знајните, на незнајните, на откриените и се уште неоткриените за да покажеме на дело дека сме свесни за огромната човечка трагедија, да покажеме дека имаме човечка и морална одговорност и почит, да се охрабриме и заложиме за никогаш да не се заборави, никогаш да не се заборави за никогаш повеќе да не се повтори! 
Прочитај повеќе

Подготвителен состанок на Регионалната канцеларија на СЗО в...

Четврток, 11 јули 2019 година

Подготвителен состанок на Регионалната канцеларија на СЗО во Копенхаген

Претседателот на Комисијата за здравство на Собранието на Република Северна Македонија, Мирсада Емини-Асани учествува на подготвителен состанок на Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Европа што се одржува во Копенхаген, Данска на 10 и 11 јули 2019 година.
На овој состанок се предлага усвојување на правната рамка за воспоставување на Европска парламентарна мрежа за здравство во европскиот регион на СЗО.

Прочитај повеќе

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ НА ПРОМОТИВНИОТ НАСТАН ЗА ...

Среда, 10 јули 2019 година

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ НА ПРОМОТИВНИОТ НАСТАН ЗА СВЕЧЕНОТО ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ „ПРОГРАМА ЗА ПАРЛАМЕНТАРНА ПОДДРШКА“

Ми претставува голема чест што сте денес присутни тука во ваков број, на овој свечен настан за Собранието на Република Северна Македонија, за Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија и за Националниот демократски институт. Би сакал да го искажам своето големо задоволство што денес ќе ја одбележиме на свечен начин соработката на Собранието со Швајцарската амбасада и со НДИ и на симболичен и интересен начин ќе биде промовирана „Програмата за парламентарна поддршка“.

Прочитај повеќе

Одлагање на отпочнувањето на примената на Законот за акцизи...

Вторник, 9 јули 2019 година

Одлагање на отпочнувањето на примената на Законот за акцизите

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Северна Македонија на денешната 59. седница, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за акцизите, поднесен од пратениците Панчо Минов, Мирослав Јовановиќ, Диме Велковски, Панче Иванов, Кети Смилеска, Артан Груби и Ристе Ташев (по скратена постапка).

Прочитај повеќе

Позитивните достигнувања треба да не поврзуваат како соседи...

Вторник, 9 јули 2019 година

Позитивните достигнувања треба да не поврзуваат како соседи

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, предводена од Фадил Зендели, претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, оствари средба со Дуда Баље, претседателка на Комисијата за човекови права, родова еднаквост, исчезнати лица и петиции од Република Косово и со членовите на истата комисија.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со членови на здружението Ди...

Вторник, 9 јули 2019 година

Средба на претседателот Џафери со членови на здружението Диван и претставници од Бошњачки национален совет и Бошњачкиот демократски сојуз             

Денешната средба на здружението ,,Диван“ кое е невладина организација од областа на културата, одржување на заедничките вредности и унапредување на правата на Бошњаците, претставниците од Бошњачкиот национален совет и Бошњачкиот демократски сојуз со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија беше по повод одбележувањето на дваесет и четири годишнината од геноцидот во Сребреница, БиХ. 

Прочитај повеќе

Усвоена „Декларацијата од Луксембург“ за крај на Годишната ...

Понеделник, 8 јули 2019 година

Усвоена „Декларацијата од Луксембург“ за крај на Годишната сесија на ПС ОБСЕ

Со усвојување на „Декларацијата од Луксембург“, денеска во Луксембург заврши 28. Годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, на која учествуваше Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Владимир Ѓорчев, шеф на Делегацијата; Јагода Шахпаска и Реџаиљ Исмаили, членови  на Делегацијата.

Прочитај повеќе
1...262728...117                                                                                                                      
Click