Средба на претседателот Џафери со заменикот државен секрета...

Вторник, 18 декември 2018 година

Средба на претседателот Џафери со заменикот државен секретар на Соединетите Американски Држави, г. Џон Ј. Саливан

Денес, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери оствари средба со г. Џон Ј. Саливан, заменик државен секретар на САД.

На средбата, претседателот Џафери изрази благодарност до САД како стратешки партнер на нашата земја, за континуираната поддршка што ја дава не само на Република Македонија туку и на целиот регион. Тој го запозна високиот гостин со тековните активности во законодавниот дом во однос на усвојувањето на предлог уставните амандмани, како фаза од имплементирањето на Преспанскиот договор, со очекување дека процесот ќе се заокружи до крајот на првата половина на месец јануари 2019 година. 

Прочитај повеќе

Потврдена поддршката на САД за членство на Република Македо...

Вторник, 18 декември 2018 година

Потврдена поддршката на САД за членство на Република Македонија во НАТО

Kоординаторите на Пратеничките групи на Собранието на Република Македонија и претставници на партиите, остварија средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Џон Ј.Саливан, со која претседаваше претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.

Прочитај повеќе

Триесет и прва седница на Комисијата за транспорт, врски и ...

Вторник, 18 декември 2018 година

Триесет и прва седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 31.седница, како матично работно тело по скратена постапка го разгледа Предлогот на законот за изменување на Законот за поштенските услуги.

Прочитај повеќе

Романска поддршка за пристапување на Македонија во ЕУ...

Вторник, 18 декември 2018 година

Романска поддршка за пристапување на Македонија во ЕУ

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, Артан Груби, заедно со членовите и замениците на Комисијата, имаше средба со министерот делегиран за европски прашања на Романија, Џеорџе Чиамба, во придружба на амбасадорот на Романија во Република Македонија, Н.Е. Виорел Станила. 

Прочитај повеќе

Средба на г. Талат Џафери, претседател на Собранието на Реп...

Вторник, 18 декември 2018 година

Средба на г. Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија со г. Џеорџе Чиамба, министер делегиран за европски прашања во Владата на Романија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денес оствари средба г. Џеорџе Чиамба, министер делегиран за европски прашања во Владата на Романија, кој престојува во официјална посета на Република Македонија по повод преземањето на претседавањето со Советот на Европската унија од јануари идната година. 

Прочитај повеќе

Свечена изјава на членовите на Судскиот совет на Македонија...

Вторник, 18 декември 2018 година

Свечена изјава на членовите на Судскиот совет на Македонија

Членовите на Судскиот совет на Република Македонија: Киро Здравев, Гордана Спиревска, Зоран Теофиловски, Лорета Горгиева и Мирсад Суроји денеска дадоа свеченa изјавa пред претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.

Прочитај повеќе

Европратеникот Кулоглу и Нобеловката Бучамауи на средби со...

Понеделник, 17 декември 2018 година

Европратеникот Кулоглу и  Нобеловката Бучамауи на средби со координаторите на пратеничките групи и независната група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Целта на нивната посета е номинацијата на премиерите Зоран Заев и Алексис Цирпас за Нобелова награда за мир. 
Прочитај повеќе

ПОЧНАА СО РАБОТА КАНЦЕЛАРИИТЕ ЗА КОНТАКТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ СО ...

Понеделник, 17 декември 2018 година

ПОЧНАА СО РАБОТА КАНЦЕЛАРИИТЕ ЗА КОНТАКТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ СО ГРАЃАНИТЕ

Собранието на Република Македонија, заедно со единиците на локалната самоуправа веќе почнаа со отворање на канцелариите за остварување на контакт на пратениците со граѓаните на Република Македонија, со цел пратениците да бидаат се поблиску до граѓаните за да ги слушнат нивните проблеми, и истите да можат да ги пренесат до Собранието, а во исто време и до сите институции на државата. 

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ЕВРОПРАТЕНИКОТ КУЛОГЛУ И ...

Понеделник, 17 декември 2018 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ЕВРОПРАТЕНИКОТ КУЛОГЛУ И ДОБИТНИЧКАТА НА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИР ЗА 2015 ГОДИНА, БУШАМАУИ

Претседателот Џафери ја поздрави причината и целта на нивната посета, кои се остваруваат во вистински момент кога во Собранието на Република Македонија се во тек активностите за заокружување на започнатите процеси за евроатланска интеграција на земјата, а тоа е - номинацијата на премиерите Заев и Цирпас за Нобелова награда за мир.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на oдбележувањето на 25 го...

Петок, 14 декември 2018

Обраќање на претседателот Џафери на oдбележувањето на 25 години од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и Република Македонија

Почестен сум што денес сме собрани сите заедно за одбележиме на свечен меѓутоа и работен начин 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и Република Македонија. Станува збор за дипломатски односи со држава која е колевка на парламентарната демократија, постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите Нации и една од економски најразвиените држави.
Прочитај повеќе
1...535455...117                                                                                                                      
Click