Обраќање на претседателот Џафери по повод одбележувањето на...

Четврток, 2 август 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери по повод одбележувањето на 2 Август - Денот на Републиката 

2 Август или Илинден е еден од темелните датуми во историјата на Република Македонија и нејзините граѓани кои се бореле и го положиле најдрагоценото, својата младост, своите животи за да ја создадат нашата заедничка држава, Република Македонија. Без разлика дали станува збор за Илинден 1903-та, односно Крушевската Република, или пак за Илинден 1944-та, односно заседанието на АСНОМ, кога се поставени темелите на државотворноста, сите тие генерации имале една единствена цел, слободна, независна држава во која почитувањето на човековите права и слободи ќе биде подеднакво за сите граѓани без разлика на нивната етничка, верска или која било друга карактеристика. 
Прочитај повеќе

Буџетскиот совет го утврди Предлог-буџетското барање на Соб...

Среда, 1 август 2018 година

Буџетскиот совет го утврди Предлог-буџетското барање на Собранието за 2019 година 

Буџетскиот совет, на денешната седница, го разгледа и го утврди Предлог-буџетското барање на Собранието на Република Македонија за 2019 година. Буџетот за 2019 година е амбициозен, затоа што започнуваме реформи кои нема да бидат лесни, треба политичка воља и финансиски средства за да се обезбеди финансиска независност, реформи во собраниските служби и внатрешното обезбедување, посочи генералната секретарка  Цветанка Иванова.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со прет...

Вторник, 31 јули 2018 година

Средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со  претставници на медиумите

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, на редовната месечна средба со акредитираните новинари, најави дека пратениците до 20 август се слободни, по што до 10 септември, кога почнува предреферендумската кампања, треба да се завршат сите обврски кои стојат пред законодавниот дом. 

Прочитај повеќе

Заклучоци од надзорната расправа на Комисијата за култура з...

Понеделник, 30 јули 2018 година

Заклучоци од надзорната расправа на Комисијата за култура за Охридскиот Регион

На денешното продолжение на 14. седница, Комисијата за култура ја затвори надзорната расправа на тема: Закон за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион и сродната регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културно наследство.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со новоименуваната амбасадор...

Понеделник, 30 јули 2018 година

Средба на претседателот Џафери со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија

Денеска, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, ја прими во својот кабинет г-ѓа Рејчел Галовеј, новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија.

Прочитај повеќе

Свечени изјави на новоизбраните членови на ДИК...

Понеделник, 30 јули 2018 година

Свечени изјави на новоизбраните членови на ДИК

Денеска, пред претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, и генералната секретарка, Цветанка Иванова, новоизбраните членови на Државната изборна комисија дадоа свечена изјава.

Прочитај повеќе

Средба на потпретседателот Мисовски со романската премиерка...

Петок, 27 јули 2018 година

Средба на потпретседателот Мисовски со романската премиерка Данчила

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Горан Мисовски, денеска оствари средба со претседателката на Владата на Романија, Н.Е. Виорика Данчила. Мисовски ја поздрави делегацијата во име на претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери. Тој изрази надеж дека Република Македонија ќе ја има силната поддршка од Романија во евроатлантскиот процес, а особено од јануари 2019 кога Романија го презема претседавањето со ЕУ. 

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Комеморативна седница п...

Петок, 27 јули 2018 година 

Обраќање на претседателот Џафери на Комеморативна седница по повод смртта на истакнатиот албански деец, Адем Демачи  

Денеска, тука сме собрани по еден повод што нè растажи сите нас што сме имале среќа да живееме во исто време кога живеел и националниот херој, симболот на националниот отпор, патоказот и гласот на националната совест, заштитникот на правата и слободите на неалбанските малцинства, слободољубецот и родољубот, визионерот и истакнатиот писател, Адем Демачи.
Прочитај повеќе

Клубот на пратенички на средба со млади лидери од Таџикиста...

Петок, 27 јули 2018 година

Клубот на пратенички на средба со млади лидери од Таџикистан

Клубот на пратенички одржа средба со делегација од Таџикистан, составена од 15 млади лидери-шампиони за родови прашања во нивната земја. Средбата беше на предлог на мисијата на ОБСЕ во Скопје, а на неа присуствуваа Ѓулумсер Касапи, координаторка; Даниела Рангелова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и членка на Клубот; Ивана Туфегџиќ, координаторка на Клубот на млади; како и пратеничките Лилјана Кузмановска, Мери Лазарова и Лилјана Затуроска.

Прочитај повеќе

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и прав...

Понеделник, 23 јули 2018 година

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во посета на КПД Идризово

Работна група на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот оствари посета на КПД Идризово, Скопје. Посетата беше со цел запознавање со состојбите во кои се наоѓа КПД Идризово, Скопје, а во насока на подобрување на истите. Во оваа казнено-поправна установа во моментов се сместени 1.000 осудени лица, распоредени во соодветни одделенија на Затворот.

Прочитај повеќе
1...676869...117                                                                                                                      
Click