Собраниска делегација на средба со амбасадорката Галовеј ...

Среда, 13 март 2019 година

Собраниска делегација на средба со амбасадорката Галовеј

Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во состав: Диме Велковски, Шпреса Хадри, Владимир Ѓорчев, Африм Гаши и Сурија Рашиди, кои од 3 до 7 март 2019 година беа во официјална посета на Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, денеска, остварија работна средба со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј, на нејзина покана.

Прочитај повеќе

Добри билатерални односи се градат преку соработка помеѓу д...

Четврток, 28 февруари 2019 година

Добри билатерални односи се градат преку соработка помеѓу двата парламенти

Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија, Хари Локвенец и заменик – претседателот, Илија Николовски вчера остварија работна средба со военото аташе на Романија, Валентин Стримбесцх

Прочитај повеќе

Груби - Тимоние: На земјата и е потребен претседател на сит...

Четврток, 21 февруари 2019 година 

Груби - Тимоние: На земјата и е потребен претседател на сите

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Артан Груби,  имаше средба со амбасадорот на Република Франција во Северна Македонија г. Кристијан Тимоние.

Прочитај повеќе

Груби - Ангелов: Брисел го најдовме во Софија...

Четврток, 21 февруари 2019 година 

Груби - Ангелов: Брисел го најдовме во Софија

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Артан Груби, денеска имаше средба со амбасадорот на  Република Бугарија  во  Република Северна Македонија г. Ангел Ангелов.

Прочитај повеќе

Груби- Тицињски – Успешно сработени ЕУ задачи во Собранието...

Понеделник, 28 јануари 2019 година

Груби- Тицињски – Успешно сработени ЕУ задачи во Собранието   

На средбата Груби го потенцира значењето на заокружувањето на решението на прашањето за името со Република Грција, по објавувањето на ратификуваниот договор во службениот весник на земјата. Исто така, информира и за сработените задачите, кои Собранието ги направи неодамна, како што е донесениот закон за борба со корупцијата и судирот на интереси, реформите во безбедносниот сектор и законите од областа на правосудството, кои го поминаа првото читање и се во собраниска процедура.
Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ РУБИН ЗЕМОН СО ЕГИПЕТСКИОТ АМБАСАДОР, ...

Вторник, 15 јануари 2019 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ РУБИН ЗЕМОН СО ЕГИПЕТСКИОТ АМБАСАДОР, Н.Е. МОАЈАД ФАТХАЛАХ ЕЛ ДАЛИЕ

Пратеникот Рубин Земон оствари средба со ополномоштениот амбасадор на Арапска Република Египет, Н.Е. Моајад Фатхалах Ел Далие. На средбата се разговараше за можностите за развивање и продлабочување на односите и соработката помеѓу двете земји, особено меѓу парламентите на двете држави. 

Прочитај повеќе

Средба на координаторот Томислав Тунтев со амбасадорот на Ф...

Вторник, 13 ноември 2018 година

Средба на координаторот Томислав Тунтев со амбасадорот на Француската Република, Н.Е. Кристијан Тимоние 

Двајцата соговорници оценија дека македонскиот парламент е исправен пред предизвикот да обезбеди успешно завршување на процесот на уставни промени, коишто ќе значат целосна имплементација на Договорот со Грција. На состанокот беше оценето дека во првата фаза од процесот за уставни измени имаше конструктивна парламентарна дебата, која треба да создаде услови во следната фаза да се зголеми поддршката од страна на пратениците.    
Прочитај повеќе

Средба на координаторот Томислав Тунтев со Н.Е. амбасадорот...

Петок, 9 ноември 2018 година

Средба на координаторот Томислав Тунтев со Н.Е. амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ, Клеменс Која 

Координаторот на пратеничката група на СДСМ и Коалицијата, Томислав Тунтев денеска во Собранието на Република Македонија имаше средба со Н.Е. амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, Клеменс Која. Процесот на уставни промени што е отпочнат во Собранието на Република Македонија, формирањето на работното тело за помирување, како и потребата паралелно со овој процес пратениците да работат на реформските законски проекти беа клучните теми на кои се осврнаа двајцата соговорници. 

Прочитај повеќе

Средба на пратеникот Груби со француската пратеничка Танги...

Среда, 19 септември 2018 година

Средба на пратеникот Груби со француската пратеничка Танги

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, имаше средба со Лилијана Танги, пратеничка во Националното собрание на Република Франција и заменик-претседателка на Комисијата за европски прашања, во придружба на амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Н.Е. Кристијан Тимоние.

Прочитај повеќе

Средба на Собраниска делегација со кинескиот амбасадор во М...

Среда, 6 јуни 2018 година

Средба на Собраниска делегација со кинескиот амбасадор во Македонија, г-ѓа Јин Ликсиан

Делегација на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина предводена од г-ѓа Владанка Авировиќ, а во чиј состав беа и г-ѓа Јагода Шахпаска, г-ѓа Анета Симеска-Димоска, г. Агим Шаќири, г-ѓа Весна Пемова и г. Јохан Тарчуловски, вчера остварија средба со кинескиот амбасадор во Република Македонија, г-ѓа Јин Ликсиан. Средбата се оддржа во новите простории на кинеската амбасада.

Прочитај повеќе
123...9          
Click