Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Кристиан Тимоние...

Четврток, 3 септември 2020 година

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Кристиан Тимоние

Амбасадорот Тимоние упати честитки за повторниот избор на Џафери на функцијата претседател на Собранието на Република Северна Македонија и изрази уверување дека улогата и видливоста на Собранието, кое е клучна институција за успешно функционирање на системот, ќе продолжат да се зацврстуваат и во наредниот период. Тој оцени дека парламентарната контрола е од големо значење и изрази поддршка за работата на Националниот совет за евроинтеграции, каде што треба да се постигне консензус за клучните прашања од овој процес.  
Прочитај повеќе

ПРОШТАЛНА СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО АМБАСАДОРОТ ЖБО...

Среда, 2 септември 2020 година

ПРОШТАЛНА СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО АМБАСАДОРОТ ЖБОГАР

Претседателот Џафери се заблагодари за досегашната соработка со Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија и лично на амбасадорот Жбогар за неговиот придонес во процесите кои имаа позитивна пресвртница во евроатланскиот пат на земјата и му посака успех во неговите идни професионални ангажмани
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Кејт Мари Брнз ...

Среда, 2 септември 2020 година

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Кејт Мари Брнз 

На средбата, претседателот Џафери изрази благодарност за поддршката што американската амбасада и САД и ја даваат на Република Северна Македонија, при што истакна дека за нас е од суштинско значење задржаниот фокус на Соединетите Американски Држави кон нашата земја и регионот во целина.
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со амбасадорот на Република ...

Среда, 2 септември 2020 година

Средба на претседателот Џафери со амбасадорот на Република Романија, Н.Е.Виорел Станила

На денешната средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери со романскиот амбасадор Н.Е. Виорел Станила, се потенцираше досегашната пријателска и конструктивна соработка меѓу двете земји и во таа насока, претседателот Џафери се заблагодари за досегашната голема поддршка што Република Романија и ја даваше на нашата земја на патот кон полноправно членство во НАТО, како и силната и недвосмислена поддршка за добивање на датум за започнување на преговори со ЕУ и изрази надеж дека и во иднина оваа поддршка и соработка меѓу двете страни ќе продолжи со ист интензитет. 
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Фатос Река, амбасадо...

Вторник, 1 септември 2020

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Фатос Река, амбасадор на Република Албанија 

На средбата, амбасадорот Река на претседателот Џафери му ја пренесе официјалната честитка за реизборот на функцијата претседател на Собранието на Република Северна Македонија од страна на Грамоз Ручи, претседател на Собранието на Република Албанија, како и од други високи функционери на соседната земја.
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Рејчел Галовеј, амба...

Вторник, 1 септември 2020

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Рејчел Галовеј, амбасадорка на Обединетото Кралство 

Претседателот Џафери ги потенцираше исклучителните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство, за кои сподели очекување дека ќе продолжат со зголемена динамика и во наредниот период.
Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО КИНЕСКИОТ АМБАСАДОР, ЏАНГ...

Вторник,1 септември 2020 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО КИНЕСКИОТ АМБАСАДОР, ЏАНГ ЅУО

Посакувајќи му добредојде во новиот десетти состав на законодавниот дом, претседателот Џафери го информираше амбасадорот Џанг за конституирањето на Собранието и изборот на новата Влада, по што ќе следи изборот на работните тела, делегациите и групите за соработка, вклучително и со Парламентот на Народна Република Кина. Пандемијата има свое влијание на взаемните физички посети и комуникации, но законодавните домови имаат можност по електронски пат да ја негуваат утврдената парламентарната соработка, истакна Џафери. Исто така, тој изрази надеж дека со формирањето на Владата, започнатите и предвидените билатерални проекти ќе продолжат и во иднина. 
Прочитај повеќе

Со 62 гласа „За” Собранието ја изгласа новата влада...

Понеделник, 31 август 2020 година

Со 62 гласа „За” Собранието ја изгласа новата влада

По дводневната расправа, пратениците во Собранието вчера гласаа за изборот на новата Влада на Република Северна Македонија, тринаесетта по ред, предоложена од мандатарот, Зоран Заев. 

Прочитај повеќе

Џафери: Ќе бидам претседател на сите 120 пратеници...

Петок, 21 август 2020 година

Џафери: Ќе бидам претседател на сите 120 пратеници

Почитувани пратеници,
Почитувани граѓани, 
Дозволете да се заблагодарам за исклучително значајната и одговорна должност која ми ја доверувате, да бидам претседател на Собранието на Република Северна Македонија, претседател на законодавниот дом, домот на граѓаните, со што ми давате на знаење дека мојот досегашен придонес во градење на функционална институција и вистински отворен дом за Вас е валоризиран и почитуван, и тоа ми причинува особена чест и задоволство. 
Прочитај повеќе

Конститутивната седница ќе се одржи на 4 август 2020...

Среда, 29 јули 2020

Конститутивната седница ќе се одржи на 4 август 2020

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Tалат Џафери го потпиша Решението за свикување на Првата - Конститутивна седница на Собранието на Република Северна Македонија. Конститутивната седница ќе се одржи на  4.8.2020 година (вторник), со почеток во 12 часот.

Прочитај повеќе
1...141516                 
Click