Обраќање на претседателот Џафери-20-годишнина на Охридскиот...

Петок, 13 август 2021 година

Обраќање на претседателот Џафери на Свечената академија по повод одбележувањето на 20-годишнината на Охридскиот рамковен договор - „После Охрид“

Задоволство ми е што денес, од име на Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име сум дел и имам чест да ве поздравам, сите присутни тука, на оваа Свечена академија, по повод 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Договор на мирот и Договор што ги постави новите правила на општествената кохезија и подоброто меѓуетничко функционирање, којшто беше најцврстиот и најсолиден темел врз кој го трансформиравме видливо нашето мултиетничко, мултиконфесионално и мултикултурно општество.
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со генералниот секретар на М...

Четврток, 12 август 2021

Средба на претседателот Џафери со генералниот секретар на Муслиманската светска лига, д-р Мохамад бин Абдул Карим Ал-Иса

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, оствари средба со генералниот секретар на Муслиманската светска лига, д-р Мохамад бин Абдул Карим Ал-Иса, кој е во посета на Република Северна Македонија.

Прочитај повеќе

Положување свежо цвеќе - Прилеп...

Недела, 8 август 2021 година

Положување свежо цвеќе по повод одбележувањето на 20-годишнината од трагичната смрт на десетмината резервисти од Прилеп

По повод одбележувањето на 20-годишнината од трагичната смрт на десетмината резервисти од Прилеп, денеска, Делегации на Собранието на Република Северна Македонија, положија свежо цвеќе, и тоа:

  • Пратеникот Александар Велјановски пред месноста Карпалак, во 09:30 часот;
  • Пратениците Бисера Костадиновска-Стојчевска и Петар Ристески пред комплексот Карпалак, во центарот на Прилеп, во 12:00 часот.
Прочитај повеќе

ИЗЈАВА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ПО ПОВОД РАСПИШУВАЊЕТО НА ЛО...

Петок, 6 август 2021

ИЗЈАВА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ПО ПОВОД РАСПИШУВАЊЕТО НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

Денеска го потпишав Решението за распишување на избори за членови на Советите на општините и Советот на Градот Скопје, за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје. Согласно законската рамка и роковите утврдени во Изборниот законик, локалните избори ќе се одржат на 17 октомври 2021 година.
Прочитај повеќе

ПОЛОЖУВАЊЕ ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 2 АВГУСТ...

Понеделник, 2 август 2021

ПОЛОЖУВАЊЕ ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 2 АВГУСТ - ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Собраниска делегација, предводена од потпретседателот Фадил Зендели, во состав: Илија Николовски, Љупчо Балковски и Петар Ристески, денеска, положи венец свежо цвеќе во Крушево:

  • 11:30 часот - Гроб на Никола Карев, Македониум;                        
  • 12:15 часот - Споменикот на Слива „На хероите на Слива“;
  • 18:00 часот - „Мечкин Камен“.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на одбележувањето на 2 Авг...

Понеделник, 2 август 2021 година

Обраќање на претседателот Џафери на одбележувањето на 2 Август - Денот на Републиката 

Добродојдовте пред законодавниот дом и воедно претставнички дом на граѓаните. Задоволство ми е оваа година да ве поздравам и бидам Ваш домаќин пред оваа зграда како Претседател на Собранието на Република Северна Македонија, и воедно да Ви посакам добредојде од мое лично име и од име на моите колеги пратеници во овој парламентарен состав, на денешното свечено одбележување на 2 Август, Денот на Републиката, кога се означуваат 118 години од Крушевската Република во 1903-та година, и 77 години од Првото заседание на АСНОМ во 1944-та година, што ги претставуваат двата столба врз кои се темели државотворноста на земјата. 
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Кристијан Сагарц...

Петок, 30 јули 2021

Средба на претседателот Џафери со Кристијан Сагарц

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се сретна со европратеникот Кристијан Сагарц, известител во сенка за Северна Македонија од Европските народни партии во Европскиот парламент, кој е во прва дводневна работна посета на земјава.

Прочитај повеќе

АРБЕР АДЕМИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ЕВРОПРАТЕНИКОТ КРИСТИЈАН САГА...

Петок, 30 јули 2021

АРБЕР АДЕМИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ЕВРОПРАТЕНИКОТ КРИСТИЈАН САГАРЦ

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми, денеска оствари средба со Кристијан Сагарц, европратеник и известител во сенка за Северна Македонија, во рамките на неговата работна посета на земјава.

Прочитај повеќе

Средба на Билал Касами со европратеникот Кристијан Сагарц...

Петок, 30 јули 2021

Средба на Билал Касами со европратеникот Кристијан Сагарц

Пратеникот Билал Касами во функција на копретстедавач на Мешавитиот парламентарен комитет ЕУ - Република Северна Македонија оствари средба со европратеникот Кристијан Сагарц, известител во сенка за Република Северна Македонија од Евроропските народни партии во Европскиот парламент.

Прочитај повеќе

Редовен брифинг на претседателот Џафери со претставниците н...

Петок, 30 јули 2021

Редовен брифинг на претседателот Џафери со претставниците на медиумите

На денешниот редовен месечен брифинг со претставниците на медиумите, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, ги информираше присутните дека на 6-ти август ќе ја потпише одлуката за распишување на локалните избори, согласно роковите во законската регулатива и дека изборите ќе се одржат на 17 октомври. 

Прочитај повеќе
1...181920...57                                                          
Click