Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Грвала Шварц ...

Петок, 30 јули 2021

Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Грвала Шварц                                           

На денешната средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, со вториот заменик-премиер и министер за надворешни работи на Република Косово, г-ѓа Доника Грвала Шварц, беа разменети повеќе мислења и ставови чиј што главен фокус се однесуваше на воспоставување и интензивирање на меѓусебните политички и економски односи меѓу двете земји.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ СО ЕВРОПРАТЕНИКОТ КРИСТИЈАН ...

Петок, 30 јули 2021 година

СРЕДБА НА АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ СО ЕВРОПРАТЕНИКОТ КРИСТИЈАН САГАРЦ

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски, денеска оствари средба со Кристијан Сагарц, пратеник во Европскиот парламент и известител во сенка на Европската народна партија за нашата држава.

Во срдечна и пријателска атмосфера, соговорниците разговараа за повеќе прашања во врска со: претстојните локални избори, потребата за постигнување консензус за изборното законодавство, борбата против корупцијата, независноста на судските инстанци, како и за чекорите за професионализација на судството како трета власт. 

Прочитај повеќе

Одбележан Денот на холокаустот врз Ромите - сеќавање на неш...

Петок, 30 јули 2021

Одбележан Денот на холокаустот врз Ромите - сеќавање на нештата кои веќе никогаш и на никого не смеат да се случат!

По повод одбележувањето на Денот на холокаустот врз Ромите, Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија, одржа работна средба, на која свое излагање имаше координаторката на Групата, Љатифе Шиковска.

Прочитај повеќе

Комитетот за односи меѓу заедниците ја одбележа 20-годишнин...

Четврток, 29 јули 2021

Комитетот за односи меѓу заедниците ја одбележа 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор

По повод одбележувањето на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор, Комитетот за односи меѓу заедниците одржа свечена Шеста седница.

Прочитај повеќе

Состанок на Клубот на пратенички за предлог-измените на Изб...

Четврток, 29 јули 2021

Состанок на Клубот на пратенички за предлог-измените на Изборниот законик

Претседателството на Клубот на пратенички денеска одржа состанок на кој беа разгледани предлог-измените на Изборниот законик.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Свечената седница на Ко...

Четврток, 29 јули 2021 

Обраќање на претседателот Џафери на Свечената седница на Комитетот за односи меѓу заедниците по повод одбележувањето на 20-годишнината на Охридскиот рамковен договор

Драго ми е што денес и Собранието на Република Северна Македонија, со оваа свечена седница на Комитетот за односи меѓу заедниците како конкретно тело произлезено од Охридскиот рамковен договор, основано од Собрание, со надлежности утврдени согласно Амандманот XII од Уставот и Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците, што природно му дава за право да се вклучи, e дел од повеќедневното одбележување на 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор или Договорот на мирот, како што со право го нарекуваме.
Прочитај повеќе

Презентација за јавното мислење за ЛГБТИ правата во земјава...

Четврток, 29 јули 2021

Презентација за јавното мислење за ЛГБТИ правата во земјава и Регионот

Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за правата на ЛГБТИ лицата во Собранието на Република Северна Македонија, во соработка со Меѓународната организација Civil Right Defenders и Националната мрежа против хомофобија и трансфобија одржа презентација на на тема „Наодите од регионалното истражување на јавното мислење за правата на ЛГБТИ луѓето“.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Хиронори Савада ...

Четврток, 29 јули 2021

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Хиронори Савада                                           

На денешната средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Јапонија, Н.Е. Хиронори Савада, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, му посака успешен мандат на амбасадорот во нашата земја и изрази задоволство од досегашната соработка со претходниот а воедно и прв резидентен амбасадор на Кралството Јапонија, Н.Е. Кеико Ханеда.

Прочитај повеќе

Седумнаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и е...

Вторник, 27 јули 2021

Седумнаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија, на денешната 17. седница, како матично работно тело во скратена постапка го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта, поднесен од пратениците: Мартин Костовски, Дарко Каевски, Фаница Николовска, Арбер Адеми, Диме Велковски и Фадил Зендели.

Прочитај повеќе

Работен состанок на комисијата за култура 27.7.21...

Вторник, 27 јули 2021

Работен состанок на Kомисијата за култура

На иницијатива на директорката на Музејот на македонската борба за самостојност, Даниела Николова, денеска членовите на Комисијата за култура остварија работен состанок во просториите на Музејот.

Прочитај повеќе
1...192021...57                                                          
Click