Средба на Комисијата за економски прашања со Јанез Копач...

Вторник, 2 март 2021

Средба на Комисијата за економски прашања со директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Јанез Копач

Претседателот на Комисијата за економски прашања на Собранието, Диме Велковски; членовите Панчо Минов и Коле Чаракчиев и заменик-членот Марија Георгиевска, денеска учествуваа на виртуелен состанок со Јанез Копач, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница. Состанокот беше посветен на предизвиците со кои се соочува Република Северна Македонија на патот кон европската енергетска интеграција.

Прочитај повеќе

Прва работна средба на Работната група за учество во Дијало...

Понеделник, 1 март 2021

Прва работна средба на Работната група за учество во Дијалогот „Жан Моне“

Денеска, во Собранието на Република Северна Македонија, се одржа Првата работна средба на Работната група за учество во Дијалогот „Жан Моне“. Ова е прва средба во рамки на Дијалогот „Жан Моне“ на овој парламентарен состав, после одложувањето настанато поради кризата со пандемијата на Ковид-19 започнува со работа без физичко присуство на претставниците на Европскиот парламент.

Прочитај повеќе

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ 2021...

Петок, 26 февруари 2021 година 

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

По повод 17. годишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател, Борис Трајковски, потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски и пратеничките Снежана Калеска-Ванчева и Жаклина Пешевска, денеска, во 11.00 часот, положија венец свежо цвеќе на Алејата на великани, градски гробишта Бутел.

Прочитај повеќе

Учество на собраниска делегација на Зимската сесија на ПС н...

Петок, 26 февруари 2021

Учество на собраниска делегација на Зимската сесија на ПС на ОБСЕ

Собраниска делегација во состав: Игор Јанушев, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), Моника Зајкова и Халил Снопче, членови на Делегацијата и Берат Ајдари, заменик-член на Делегацијата, учествува на редовната Зимска сесија ПС на ОБСЕ, што се одржува од 24 до 26 февруари 2021 година во виртуелен формат. На јубилејната 20. Зимска сесија учествуваат околу 270 парламентарци - членови на ПС на ОБСЕ, како и високи претставници на владите на земјите учеснички и на ОБСЕ.

Прочитај повеќе

Презентација на фискална анализа „Справување со ковид-19: К...

Четврток, 25 февруари 2021

Презентација на фискална анализа „Справување со ковид-19: Како трошењето на јавните пари влијае на родовата еднаквост?“

Гордана Сиљановска-Давкова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, денеска имаше поздравно обраќање на презентацијата на родовата анализа под наслов „ Справување со ковид-19: Како трошењето на јавните пари влијае на родовата еднаквост?“.

Прочитај повеќе

Заменик-генералниот секретар Милковски на онлајн конференци...

Четврток, 25 февруари 2021 година

Заменик-генералниот секретар Милковски на онлајн конференција на тема: „Адаптацијата на парламентите кон пандемијата“

Милковски, во неговото обраќање, ги наведе мерките кои што Собранието на Република Северна Македонија ги има преземено и имплементирано. Тој појасни дека со појавата на пандемијата, раководството на Собранието и собраниската служба пристапи кон обезбедување на здравствените протоколи.

Прочитај повеќе

Средба на заменик-генералниот секретар Милковски со полскио...

Среда, 24 февруари 2021

Средба на заменик-генералниот секретар Милковски со полскиот амбасадор Тицињски

Заменик-генералниот секретар на Собранието, Мики Милковски, оствари средба со полскиот амбасадор Војциех Тицињски.

Прочитај повеќе

Средба на Фаница Николоска со полскиот амбасадор Тицињски...

Среда, 24 февруари 2021 година

Средба на Фаница Николоска со полскиот амбасадор Тицињски

На почетокот, претседателката на Групата, Николоска, изрази задоволство од реализацијата на оваа средба, имајќи го предвид фактот што Полска е долгогодишен пријател на нашата држава и силен поддржувач на нашиот евроинтегративен пат, како и на реформските процеси на клучните институции во државата.
Прочитај повеќе

Средба на Костадин Костадинов со украинската амбасадорка На...

Среда, 24 февруари 2021

Средба на Костадин Костадинов со украинската амбасадорка Наталија Задорожњук

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Костадин Костадинов, оствари средба со амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ СО РОМАНСКАТА АМБАСАДОРКА АД...

Среда, 24 февруари 2021 година

СРЕДБА НА АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ СО РОМАНСКАТА АМБАСАДОРКА АДЕЛА МОНИКА АКСИНТЕ

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски, денеска оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Романија во земјава, Н.Е. Адела Моника Аксинте, со која разговараа за европската интеграција на државава, актуелните предизвици во процесот и потенцијалните можности за натамошен развој на соработката.

Прочитај повеќе
1...373839...57                                                          
Click