
ОЛИВЕР ДЕРКОСКИ
Член на ВМРО - ДПМНЕ. Роден на 2 декември 1965 година во Прилеп. Македонец. Дипломиран правник.
Активности во Собранието
- Буџетски совет на Собранието, член
- Законодавно-правна комисија, член
- Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик претседател
- Комисија за финансирање и буџет, заменик член
- Комисија за прашања на изборите и именувањата, член
- Комисија за економски прашања, член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија), заменик член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Белгија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија, член

ВЛАДО СТЕФАНОСКИ
Член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден на 29.4.1958 година во Охрид. Македонец. Завршил Медицински факултет. Специјалист по медицина на трудот. Примариус.
Активности во Собранието
- Комитет за односи меѓу заедниците, член
- Комисија за финансирање и буџет, заменик-член
- Комисија за здравство, член
- Комисија за труд и социјална политика, заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Ирска, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Јапонија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Канада, член