Вторник, 26 април 2011 година
Дваесет и пет години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

Генералното собрание на Обединетите нации денеска ќе одржи специјална седница посветена на 25-годишнината од нуклеарната катастрофа во Чернобил, на која ќе се расправа за јакнењето на меѓународната соработка во истражувањето и минимизирање на последиците од катастрофата.
Прочитај повеќе
Вторник, 26 април 2011 година
Конференција за иднината на Европскиот суд за човекови права

Турското претседателство со Комитетот на министри на Советот на Европа, денеска и утре, во Измир, е домаќин на Конференција на високо ниво за иднината на Европскиот суд за човекови права.
Прочитај повеќе
Вторник, 19 април 2011 година
Нови предлози за европските избори

Комисијата за уставни прашања на Европскиот парламент најави засилување на легитимноста на Парламентот преку нови предлози за европските избори, кои ќе бидат ставени на гласање на пленарната седница во јуни
Прочитај повеќе
Вторник, 19 април 2011 година
Тристепен пристап во борбата со тероризмот

Советот на Европа е домаќин на посебниот состанок на Комитетот за борба против тероризмот, кој од 19 до 21 април во Стразбур ќе собере повеќе меѓународни, регионални и субрегионални организации
Прочитај повеќе
Понеделник, 18 април 2011 година
Конференција на Советот на Европа за Интернетот

Советот на Европа, денеска и утре, во Стразбур, ќе одржи Конференција под наслов „Слобода на Интернетот: Од принципи до глобален законски договор?", на која ќе стане збор за тоа дали е потребен глобален договор за зачувување на Интернетот како средство за заштита на правото на слобода на изразување и пристап до информации
Прочитај повеќе
Четврток, 14 април 2011 година
Европарламентот се залага за европска перспектива на Западен Балкан

„Европа треба да биде отворена за проширување, а земјите од регионот мораат да ја завршат својата домашна задача“, истакна унгарскиот премиер, г. Виктор Орбан, на Заедничкиот парламентарен состанок во Брисел на тема „Западен Балкан - кон поинтегрирана Европа“
Прочитај повеќе
Среда, 13 април 2011 година
„Западен Балкан - кон поинтегрирана Европа“

Развојот на земјите од Западен Балкан, ќе биде во фокусот на средбата која денеска и утре ќе се одржи во Брисел, во организација на Европскиот парламент и Унгарското народно собрание
Прочитај повеќе
Понеделник, 11 април 2011 година
Пролетна седница на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Парламентарното собрание на Советот на Европа, од 11 дo 15 април, ќе одржи пролетна седница во Стразбур, на која во фокусот ќе биде утрешната раправа за религиозните размери на меѓукултурниот дијалог
Прочитај повеќе
Петок, 8 април 2011 година
Меѓународен ден на Ромите

Денеска, 8 април, е Меѓународен ден на Ромите, кој се одбележува од 1971 година, кога на Првиот светски конгрес на Ромите во Лондон е одлучено единственото име за овој народ да е Роми, усвоено е ромското сино-зелено знаме, а песната „Џелем, џелем“ е прогласена за ромска химна
Прочитај повеќе
Четврток, 7 април 2011 година
Европратениците кажаа „да“ по Резолуцијата за напредокот на Македонија

Со 506 гласови „за“ и по 44 „против“ и „воздржани“, Европскиот парламент ја усвои Резолуцијата за напредокот на Република Македонија на патот кон членство во Европската унија
Прочитај повеќе
Четврток, 7 април 2011 година
Заврши расправата за напредокот на Македонија кон ЕУ, следи гласање по Резолуцијата

Република Македонија постигна значаен напредок на повеќе полиња, но и понатаму мора да работи на реформскиот процес во правосудството, слободата на медиумите, политичкиот дијалог, јавната администрација, борбата против корупцијата и спроведување на Охридскиот рамковен договор, а главната причина што преговорите за влез во Европската унија не се почнати, е спорот за името со Грција - беше укажано на вчерашната расправа за напредокот на Македонија кон членство во ЕУ, во рамките на пленарната седница на Европскиот парламент
Прочитај повеќе
Четврток, 7 април 2011 година
Светски ден на здравјето

Денеска, 7 април, е Светскиот ден на здравјето, чија цел е да се изгради поголема свест за глобалните здравствени приоритети за кои се грижи Светската здравствена организација
Прочитај повеќе
Среда, 6 април 2011 година
Европарламентот расправа за напредокот на Македонија кон ЕУ

Денеска и утре на агендата на пленарната седница на Европскиот парламент се наоѓа напредокот на Република Македонија кон членство во Европската унија. Во текот на денешниот ден ќе се расправа за Резолуцијата која беше одобрена на 16 март од Комисијата за надворешна политика на Европарламентот, а утре ќе се гласа по истата
Прочитај повеќе
Вторник, 5 април 2011 година
Претседателот на Европарламентот ја отвори пленарната седница во Стразбур

Зборувајќи за актуелните состојби на Стариот континент и во светот, претседателот на Европскиот парламент, г. Јержи Бузек, ја отвори пленарната седница, која започна вчера, а ќе трае до 7 април во Стразбур
Прочитај повеќе
Понеделник, 4 април 2011 година
Напредокот на Македонија кон ЕУ на дневен ред во Европарламентот

Напредокот на Република Македонија и Исланд на патот кон членство во Европската унија, ќе бидат дел од расправата на пленарната седница на Европскиот парламент, која ќе се одржи од 4 до 7 април во Стразбур. Расправата ќе биде на дневниот ред в среда, а ден подоцна европратениците ќе гласаат за резолуциите за двете земји
Прочитај повеќе