Среда, 5 февруари 2014 година
Клубот на пратенички одржа сесија за стратешко планирање
Клубот на пратенички, во соработка со Националниот демократски институт, на 3 февруари 2014 година, одржа сесија за стратешко планирање.
Прочитај повеќе
Среда, 29 јануари 2014 година
Работен состанок на тема: Стратешко планирање на Клубот на пратенички
Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија ќе одржи работен состанок на 3 февруари 2014 година, со времетраење од 13 до 15 часот, во Сала на Уставна комисија, во зградата на Собранието на Република Македонија, на тема: Стратешко планирање на Клубот на пратенички.
Прочитај повеќе
Четврток, 2 јануари 2014 година
Состанок на Клубот на пратенички
За координаторка на Клубот на пратенички во следниот едногодишен период е избрана пратеничката Тања Томиќ.
Прочитај повеќе
Среда, 18 декември 2013 година
Јавна расправа на тема: Економско јакнење на жените

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија одржи јавна расправа на тема: Економско јакнење на жените, на која покрај членовите на Клубот на пратенички присуствуваа потпретседателката на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска, пратеници на Собранието на Република Македонија, претставници на Министерството за економија, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, потоа на локалните комисии за еднакви можности, Македонското женско лоби, Занаетчиската комора на Република Македонија, Бизнис конфедерацијата на Македонија, Федерацијата на фармери на Република Македонија и претставници на други здруженија кои работат на ова поле.
Прочитај повеќе
Четврток,12 декември 2013 година
Јавна расправа на тема: Економско јакнење на жените
Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија ќе одржи јавна расправа на 18 декември 2013 година, со времетраење од 10 до 11.30 часот, во Сала „Борис Трајковски“, во зградата на Собранието на Република Македонија, на тема: Економско јакнење на жените
Прочитај повеќе
Петок, 7 јуни 2013 година
Работен состанок на Клубот на пратенички

На состанокот покрај членовите на Клубот на пратенички присуствуваа министерот за здравство, Никола Тодоров, претседателот на Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија, Менде Диневски, претставници на следниве невладини организации: Македонско женско лоби, Х.Е.Р.А., Националниот совет за родова рамноправност СОЖМ, Акција Здруженска, Националната мрежа против насилство врз жената, Реактор, Антико и здружението ЕСЕ
Прочитај повеќе
Петок, 28 декември 2012 година
Одржан состанок на Клубот на пратенички

Целта на овој состанок беше членовите на Клубот на пратенички да ги споделат своите видувања за настаните како жени и политичарки, одговорни за иднината на својата држава. На состанокот не дојдоа пратеничките од опозицијата
Прочитај повеќе
Петок, 28 декември 2012 година, 14,00 часот, Сала 3
Состанок на Клубот на пратенички
Состанокот е по повод настаните што се случуваа во последниот месец дена за време на работата на Комисијата за финансирање и буџет, Законодавно-правната комисија, како и настаните пред почетокот на седницата одржана на 24 декември 2012 година
Прочитај повеќе
Петок, 7 декември 2012 година
Одржана работна средба на Клубот на пратенички и Канцеларијата на UN Women

Работилницата беше поддржана од страна на UN Women во рамките на регионалните проекти „Промовирање на родово одговорните политики во Југоисточна Европа“ и „Зајакнување на имплементацијата на Резолуцијата 1325 за жени, мир и безбедност во Западен Балкан (2011-2013)“.
Прочитај повеќе
Понеделник, 3 декември 2012 година
Работна средба на Клубот на пратенички
Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија и Канцеларијата на UN Women - Тело на Обединети нации за родова рамноправност и зајакнување на жените од Скопје, ќе одржи работна средба на 6 декември 2012 година (четврток), од 13,00 до 15,00 часот во хотел Бест Вестерн
Прочитај повеќе