Четврток, 25 февруари 2010 година, Европска комисија
Препорака за старт на преговори за членство на Исланд во ЕУ

Европската комисија препорача започнување на преговорите за зачленување на Исланд во Европската унија, откако констатира дека оваа земја ги исполнува речиси сите услови за да биде дел од европското семејство. Официјален Рејкјавик се надева на членство во Унијата во 2012 година
Прочитај повеќе
Среда, 24 февруари 2010 година, Мадрид
Средба на Шпанското претседателство со ЕУ и Европската комисија

Претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо, заедно со 27-те членови на Комисијата, вчера во Мадрид остварија средба со Шпанското претседателство со Европската унија.
Прочитај повеќе
Среда, 24 февруари 2010 година
Дводневна пленарна сесија на Европскиот парламент

Европскиот парламент на 24 и 25 февруари во Брисел ќе одржи пленарна сесија, на која, меѓу другото, ќе расправа за стратегијата за стартување на проектот за економијата во Европа, како и за човековите права, со посебен акцент на Хаити
Прочитај повеќе
Четврток, 11 февруари 2010 година, БриселНеформален самит на земјите-членки на Европската унија
Лидерите на земјите-членки на Европската унија денеска ќе се состанат на неформален самит во Брисел, под раководство на новиот претседател на Советот на ЕУ, г. Херман ван Ромпуј.
На оваа прва средба на лидерите, главна тема ќе биде економската политика на Унијата, односно осмислување на економската стратегија на ЕУ за наредните десет години, што се очекува да биде усвоена на самитот во јуни.
Воедно, ќе се разговара и за резултатите од меѓународната конференција за климатските промени одржана во декември во Копенхаген, за најновите меѓународни настани и помошта за настраданите во Хаити.
Претседателот на Советот на ЕУ, г. Херман ван Ромпуј, изјави дека овој состанок го смета за почеток на процесот на поблиско и континуирано заедничко работење на шефовите на држави и влади за сите поважни прашања со кои се соочува Унијата и изрази надеж дека Европскиот совет и понатаму редовно ќе ги разгледува овие теми со цел да обезбеди јасно раководење за решавање на проблемите.
Прочитај повеќе
Среда, 10 февруари 2010 година
Европарламентот го усвои Извештајот за Македонија

Членовите на Европскиот парламент со мнозинство го усвоија Извештајот за Република Македонија, поднесен од словенечкиот пратеник г. Зоран Талер, известувач за нашата земја. За резолуцијата гласаа 548 европратеници, 45 беа против, а 35 останаа воздржани
Прочитај повеќе
Среда, 10 февруари 2010 година, Стразбур
Одобрен новиот состав на Европската комисија

Пратениците во Европскиот парламент со 488 гласа „за“, 137 „против“ и 72 „воздржани“ вчера во Стразбург дадоа зелено светло за новата, 26-члена екипа на Европската комисија, на чело со претседателот, г. Жозе Мануел Баросо. Воедно, ова е втор мандат за г. Баросо на чело на Европската комисија
Прочитај повеќе
Понеделник, 8 февруари 2010 година
Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент оваа седмица ќе одржи пленарна седница во Стразбур, на која, меѓу другото, ќе стане збор и за проширувањето на Европската унија. В среда европратениците со Комисијата и Советот ќе расправаат за напредокот кој го постигнаа Македонија, Хрватска и Турција на патот кон членство во Унијата. Неопходно е одобрение од Парламентот за присоединување на било која нова земја кон ЕУ
Прочитај повеќе
Четврток, 4 февруари 2010 година
европратениците ќе расправаат за стремежите на Македонија кон ЕУ

В среда, на 10 февруари, европратениците ќе расправаат за стремежите на Македонија, Хрватска и Турција кон Европската унија. Прашањата на кои Република Македонија треба да обрне внимание се: реформите во јавната администрација и судството, борбата против корупцијата и подобрување на правата на жените и меѓуетничките односи, како и „засилени напори во изнаоѓањето на заеднички прифатливо решение во спорот со името“ со Грција
Прочитај повеќе
Среда, 3 февруари 2010 година, Мадрид
Семинар за пристапувањето на ЕУ кон Европската конвенција за човекови права

Вчера и денеска во Мадрид се одржува семинар на тема „Основни права во Европската унија со оглед на пристапувањето на Унијата кон Европската конвенција за човекови права и основни слободи“
Прочитај повеќе