Четврток, 20 февруари 2014 година, Брисел

Семинар на тема: Иницијативите и напорите на земјите од Западен Балкан и Турција за здравјето и заштитата на потрошувачите”

Делегација на Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија, во состав од пратениците Станка Анастасова, Миле Пачемски и Беким Ќоку, присуствува на парламентарен семинар, кој се одржува во Брисел, Белгија.

Семинарот е во организација на Европскиот парламент на тема: „Иницијативите и напорите на земјите од Западен Балкан и Турција за здравјето и заштитата на потрошувачите”. Воведно излагање за улогата и позицијата на Европскиот парламент во законодавството за здравството и заштитата на потрошувачите, како и нивна имплементација, даде г-ѓа Рената Сомер, пратеник во Европскиот парламент и член на Комитетот за јавно здравје и безбедност на храната.

Покрај другите учесници на семинарот, со свои дискусии учествуваа и пратениците Станка Анастасова и Миле Пачемски. Во својата дискусија, пратеникот Станка Анастасова ја нагласи улогата на здравството во контекст на европската иднина на регионот, заштитата на квалитетот на храната, како и надзорот и превенцијата на епидемиите, со посебен осврт кон ГМ-храната.

Пратеникот Миле Пачемски ги истакна приоритетните цели во здравствената дејност на Република Македонија, како и регулацијата на заштитата на потрошувачите преку интегриран систем за безбедност на храна.

Понеделник, 17 февруари 2014 година

Претседателот Вељаноски ги прими годинешните стипендисти на ИПС Програмата

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, како покровител на Програмата – Меѓународна парламентарна стипендија (ИПС) на германскиот Бундестаг, денеска ги прими годинешните стипендисти од Република Македонија, Ивана Васева и Дејан Чуповски, предводени од амбасадорот на СР Германија, г-ѓа Гудрун Штајнакер

Петок, 14 февруари 2014 година

Претседателот Вељаноски го прими амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, г. Ернесто Масимино Белели

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на средбата истакна дека Република Македонија и Република Италија имаат одлична билатерална соработка. Сепак, двајцата соговорници се согласија дека е потребна поголема парламентарна соработка, не само на ниво на претседатели на Парламенти, туку и на ниво на пратенички групи за соработка, како и соработка на ниво на парламентарни комисии.

Петок, 14 февруари 2014 година

Ново издание на „Мојот пратеник“

Традиционално, по тринаесетти пат, Собранието на Република Македонија ja издаде публикацијата „Мојот пратеник“ за периодот јули - декември 2013 година. Публикацијата претставува статистички преглед на збирни податоци за работата на пратениците во македонскиот законодавен дом, според одредени параметри



Петок, 14 февруари 2014 година, Виена

Учество на 13. Зимска сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ

На 13 и 14 февруари 2014 година, во Виена, Австрија, се одржува 13. Зимска сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, на кое учествува пратеничката, г-ѓа Ана Павловска-Данева, шеф на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС на ОБСЕ). На оваа сесија учествуваат околу 270 парламентарци од 58 земји

Среда, 12 февруари 2014 година

Заедничка седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции

Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции одржаа заедничка седница, на која се расправаше за Националната програма за усвојување на правото на Европската унија, ревизија 2014 година, по што беше усвоено и мислење по истата.

Среда, 12 февруари 2014 година

Четириесет и седма седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, во текот на вчерашниот ден ја одржа својата Четириесет и седма седница

Среда, 12 февруари 2014 година

Четириесет и осма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 48. седница, како матично работно тело, во второ читање, го разгледа Предлогот на законот за дополнување на Законот за земјоделското земјиште.

Среда, 12 февруари 2014 година

Четириесет и шеста седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на  вчерашната Четириесет и шеста седница, како матично работно тело, во второ читање, го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва.

Понеделник, 10 февруари 2014 година

Средба на претседателот Вељаноски со парламентарниот заменик-министер за надворешни работи на Јапонија, г. Такао Макино

Двајцата соговорници изразија задоволство од средбата, при што беше констатирано дека оваа посета претставува уште една потврда за добрите односи меѓу Република Македонија и Јапонија, кои секако и во иднина ќе продолжат да се развиваат во нагорна линија

Петок, 7 февруари 2014 година

Јавна расправа на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Четириесет и петта седница, одржа јавна расправа по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка.

Образложение на Предлог-законот даде претставникот на предлагачот, заменик-министерот за економија, г. Христијан Делев.

При изработката на предложените измени и дополнување, најпрво биле опфатени проспекциските истражувања. Веќе неколку странски компании покажале интерес за проспекциско истражување на територијата на Република Македонија. Оваа проблематика досега не била опфатена и утврдена е голема потреба овој дел да биде регулиран.

Беше истакнато дека проспекциските истражувања се посебно битни во делот на енергетските суровини, посебно за истражување во делот на нафтата, гасот и јагленот.

Инаку, ова претставува многу скапа инвестиција и со донесувањето на законските решенија ќе се овозможи на меѓународните компании кои се заинтересирани, во една правна рамка да имаат можност да ја извршуваат дејноста во делот на геолошките истражувања.

Следната измена е во делот на искористувањето на термоминералните води, кои на територијата на Република Македонија не се искористени, односно делумно се користат.

Со оваа измена ќе се овозможи концесиите што се за термоминерални води да може делумно да се даваат и на други лица коишто ќе ги користат. Доколку се случи да има повеќе корисници, истото правно да биде регулирано.

Измени се направени и во делот на концесиите. Со предвидените измени ќе се заштити државниот интерес и концесиите ќе си ја добијат својата реална вредност. Од тие причини, во Законот за минерални суровини се опфаќа и проценката на бизнис потфатот, односно на вложените средства во таа концесија, како би се овозможило преносот да биде реален. 

Во претресот учествуваа: претседателот на  Комисијата за економски прашања, г-ѓа  Владанка Авировиќ; заменик-министерот за економија, г. Христијан Делев; г. Новица Столиќ, директор на Геолошкиот Завод на Република Македонија; г. Николајчо Николов, претседател на Македонската асоцијација за рударство и директор на рудниците Бучим од Радовиш; претставници на Македонската асоцијација за рударство, како и професорите на Рударскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип: г. Ристо Дамбов и г. Орце Стефковски.

Јавната расправа по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, претставуваше добра можност за членовите на Комисијата за економски прашања, претставниците од Министерството за економија, стопанствениците, научните работници, експертите од областа на геологијата и рударството и слично, да ги искажат своите мислења, предлози, сугестии, забелешки и слично, сè со цел и во интерес на донесување на еден квалитетен Закон.

Четврток, 6 февруари 2014 година

Собраниска делегација на 62. Национален молитвен појадок во Вашингтон

Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од потпретседателот на Собранието, г-ѓа Сузана Салиу, а во чиј состав беа и пратениците: г-ѓа Силвана Бонева, г. Владимир Ѓорчев и г. Андреј Петров, учествуваше на 62. Национален молитвен појадок во Вашингтон.

 

Четврток, 6 февруари 2014 година

Деведесет и петта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на 95. седница, одржана на 4 февруари, како матично работно тело ги разгледа

Четврток, 6 февруари 2013 година

Четириесет и четврта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Четириесет и четвртата седница, одржана на 4 февруари 2014 година, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за стечај, по скратена постапка

Среда, 5 февруари 2014 година

Претседателот Вељаноски на средба со претставници на средствата за јавно информирање

Претседателот Вељаноски оствари средба со претставници на средствата за јавно информирање, на која ги информираше присутните за сработеното во Собранието на Република Македонија за 2013 година, за вкупно одржани пленарни седници, вкупно донесени закони и други акти, поднесени амандмани, одржани седници на работните тела, податоци за присутност на јавноста во работењето на Собранието, сите дел од содржината на Годишниот извештај за работата на Собранието на Република Македонија за 2013 година

Среда, 5 февруари 2014 година

Извештајот за Македонија пред Европарламентот

Европскиот парламент вечерва ќе расправа, а утре ќе гласа по Извештајот за напредокот на Република Македонија во 2013 година, изготвен од известителот за нашата земја, британскиот европратеник, г. Ричард Ховит.

Вторник, 4 февруари 2014 година

Седумдесет и деветта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 79. седница, одржана на 31 јануари 2014 година, како матично работно тело ги разгледа:

Сабота, 1 февруари 2014 година

Изјава на претседателот Вељаноски по повод распишувањето на избор за претседател на Република Македонија

Уставната одредба предвидува дека изборот за претседател на Република Македонија се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. Имајќи предвид дека на 20 април е големиот христијански празник - Воскресение Христово, почитувајќи ги чувствата на сите верници од христијанска вероисповед и водејќи сметка тогаш да не биде ниту првиот, ниту вториот круг, одлучив изборот за претседател на Република Македонија да биде на 13 април 2014 година

Click